ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА (9)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

Докторот по ветеринарни науки Георги (Џорџ) Бранов потекнува од село Буф, Леринско, Егејска Македонија. Тој е роден на 13 јуни 1944 година во виорот на Втората светска војна, кога грчките власти ги прогонувале Македонците од своите корени во Егејска Македонија. 

Родната земја на Георги (Џорџ) Бранов Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34,153 километри квадратни, половина од цела Македонија.

На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, каде што се денешните граници на Грција спрема север, на запад се граничи со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд. На југ границата достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Пиерија и Олимп заплисната од Егејското Море, а на исток до реката Места.

Националниот состав на населението во егејскиот дел има претрпено големи етнички измени, особено по Балканските војни и по поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сè уште се подложени на асимилација и присилна емиграција, со единствена цел да се из- мени етничкиот состав на Македонија.

Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ таму каде што живеел со векови и покрај насилството и денационализацијата.

Таков е случајот со Георги (Џорџ) Бранов кој е роден во селото Буф, Леринско, Егејска Македонија. Како и голем број македонски семејства, за време на граѓанската војна неговата фамилија се преселила во Битола, во Република Македонија. Таму Бранов го започнал своето образование и таму му се отвориле патиштата кон иднината.

По завршувањето на основното училиште се запишал во Средното ветеринарно училиште во Битола, каде му се родила љубовта кон таа интересна наука. Потоа, по завршувањето на средното училиште се запишал на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Белград каде што и дипломирал во 1969 година.

1kiru345

Судбината на Георги Бранов е слична или иста како на голем број деца протерани од Егејска Македонија. Тој како факултетски образован човек истата година се преселил во Канада, каде по извесен период започнал да работи на својата струка. Во Варерлу, во провинцијата Онтарио среќно се оженил со Десанка со којашто имаат два сина и една ќерка кои им подарија 6 внучиња.

По две години престој во Канада, во 1971 година успешно го положил Државниот ветеринарен испит и добил канадска лиценца за ветеринар. Истата година се вработил во Федералната инспекција за месо како федерален ветеринарен инспектор. Исто така, тој беше назначен како ветеринарен научник за патологија на домашните животни кои се користат во исхраната кај луѓето.

Во својата дејност како ветеринар се усовршувал и се служел со голем број стручна и научна литература. Тоа му овозможило да започне да пишува стручна литература. Така, за време на не- говото работење во Агенцијата за храна, ја издал книгата „Атлас за патологија кај говедата“ (Clour Pathologytlas of Beef Inspection) кој се употребува како прирачник во секојдневната практика.

Исто така, тој е автор на „Прирачник“ за ветеринарните инспектори кои работат во кланичка- та инспекција за месо од говеда, свињи, овци, елени и северни елени (Inspection Procedures Manual for Beef, Hog, Sheep, Deer and Elk); Прирачник за живина, инспекциски процедури – кокошки, мисирки, препелици и други птици, (Inspection Procedures Manual for Poultry – chickens, turkeys, silkies, quail, emu).

Исто така, Георги Бранов е коавтор со Славе Катин на романот „Александар Македонски“

во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2019, 520 страници, за кој првата промоција се направи во црквата „Света Богородица“ во Кембриџ, Канада,

Џорџ Бранов живееше во градот универзитетскиот центар Ватерло цели педесет години. Овој град се протега во југозападниот дел на провинцијата Онтарио. На градот природата му подарила убавини и богатства, па оттука и тој е една од побогатите градски населби во Канада. Во минатото Ватерло и Кембриџ и околните места биле дом на северноамериканските Индијанци многу долг период, каде што тие со векови се занимавале со лов и риболов.

Првата населба во регионот во сегашната Општина, Ватерло била „Кембриџ Милс“, која е основана пред повеќе од 200 години. Подоцна, голем број села и населби се развиле во околината. Затоа, во повеќе дело- ви на градот има интересна архитектура која е од времето на XIX век, што го прави Ватерло место за живеење, студирање и работа.

Уште со доаѓањето во новата демократска канадска средина, Бранов започнал со своите активности меѓу Македонците во Кичинер и пошироко. Со тоа тој сакал да докаже дека никогаш не ја заборавил својата прва татковина Македонија, која цел живот ја носел во своето срце.

Како резултат на неговото вклучување и активности- те во македонските организации во Канада, во 1989 година го организирал Првото македонско друштво во градот Кембриџ, во кое се приклучиле голем број македонски фамилии од сите делови на Македонија кои живеат на тие простори.

Продолжува

1sla2Пишува: СЛАВЕ КАТИН