БАРСА И РЕАЛ ВО ТРКА ПО ЕРИКСЕН

Играчот од линијата за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен, е цел околу која најверојатно битка ќе поведат Барселона и Реал Мадрид. Одличниот данец сезонава игра во извонредна форма и не е чудо што двата големи ривали веќе пројавија голем интерес за него.

Барселона е во поповолна ситуација, бидејќи во средниот ред веќе ги има Кутињо и Артур, кој треба да пристигне, ако не се смета Андрес Иниеста кој царува на таа позиција. Од друга страна, Реал кој најверојатно ќе го продаде Лука Модриќ, во Ериксен гледа негов наследник.

Откупната калузула за Ериксен изнесува 70 милиони фунти, што веројатно нема да претставува проблем за ниту еден од двата клуба. Сега е прашање кој од нив ќе биде побрз и поумешен. Но, има и уште еден проблем кој шпанските гиганти најверојатно ќе го речат со пари, а тоа е дека менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино сака да го задржи во тимот.