Османи во Букурешт на Минхенска лидерска средба

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска ќе престојува во Букурешт, Романија, каде ќе учествува на Минхенската лидерска средба, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција.
Како што информираат од МНР, на Минхенската лидерска средба, на која е предвидено да учествуваат над 70 високи гости од Европа и пошироко, ќе се разговара за влошената безбедносна ситуација по руската агресија врз Украина, состојбите во Западен Балкан и Црноморскиот регион.