ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Поради големите загуби непријателот ги напушти своите градови и избега источно кон тврдината Аорнос, сместена на гребенот над десниот брег на реката Инд. Овој Аорнос, за чија положба постојано имаше дилеми беше успешно идентификуван од Сер Аурел Стеин со огромниот масив на планината Пир-Сар (околу 1.600 м) сместен на свиокот на реката Инд
Точна беше стратешката цел на Александар Македонски веднаш да не го гони непријателот преку непреодните планини, туку подобро да оди кон југ спрема Кабул, а потоа да замине нагоре по реката Инд. Така, тој отиде долу во долината Пешавар (Пеукелаот), а потоа продолжи од југ кон десниот брег на реката спроти Аорнос. Само сега затоа што Аорнос се идентификува со Пир-Сар, јасно е дадено значењето на оваа борба од Аријан, а и само сега ги гледаме огромните тешкотии што Александар Македонски.
Повторно се одушевуваме од истрајноста со која тој војуваше, иако неколкупати неговите напади беа одбивани. Јасно му беше дека не може да влезе во Пенџаб се додека не го скрши отпорот на Асацените во Аорнос. Затоа Александар Македонски постојано применуваше нови методи за напад се додека не започна со изградба на насип за премостување на клисурата, што ја делеше неговата позиција од изолираната карпа.
Веднаш штом ова беше направено за да може оружјето против опсада да достигне до непријателот, отпорот беше скршен, а Александар Македонски можеше да дојде до високото плато. Тој лично беше првиот кој се искачи на врвот.
Co освојувањето на Аорнос, што е еден од најбрилијантните подвизи на стратегијата и тактиката на Александар, го заврши и походот и му се отвори вратата кон Пенцаб. Целиот регион беше ставен под намесникот Никанор, а Индиецот Сисикот претходно му се придружи на Александар по договорот во Аорнос, што пред тоа немаше вештачки утврдувања.
Бидејќи општото бегање на населението од Аорнос покажа дека тие ја сметаа оваа природна тврдина за непобедлива, амтичките Македонци мора да биле горди што можеа да направат натчовечки подвиг во заземањето на тврдината. Така тие почнаа и во придружбата на Александар Македонски и во логорот да кажуваат како Херакле, божјиот прататко на нивното кралско семејство, еднаш пробал да го освои Аорнос, но не успеал.
Поранешната мисла на Херакле ги окупира античките Македонци кога ја поминуваа планината Хинду-Куш, бидејќи ја идентификуваа со Кавказ, и претпоставуваа дека го нашле местото каде што Херакле некогаш го довел Прометеј.
При маршот до оазата Сивах, Александар Македонски им кажа на своите единици дека Херакле и Персеј биле таму пред него и на тој начин ги потврдија ваквите митски изедначувања.
Овде на Исток развојот на митот за Херакле изгледа продолжи кај војската и се разбира беше добродојдено за кралот и несомнено поткрепен од него. Клитрах потоа разви теорија дека Александар Македонски сака да изврши атак на Аорнос, со цел да го надмаши Херакле. Меѓутоа, освојувањето на Аорнос беше стратешка потреба. Врз овој случај, како и врз раскажувањата од Гордиум и од пророкот Амон, Клитарх создаде мотив за постигнатиот резултат.
Легендата за Херакле не е единственото што беше увеличено во овој поход. Ист е случајот и со легендата за Дионис. Кога во планинскиот крај античките Македонци најдоа винова лоза и бршлен што не ги имаа видено од своето заминување од Античка Македонија, се радуваа мислејќи дека се на патот кон Бога.
Така градот во долината го нарекоа Ниса, а прикаската се прошири дека Дионис, чии големи победи во Азија, но не и во Индија, им беа веќе познати на луѓето, дојде таму и го формира овој град.
Овој едноставен и психолошки сосем јасен настан беше фантастично украсен од подоцнежните писатели. Тоа ја дава основата на легендата за Дионисовиот победоносен поход во Индија, легенда чие постоење зависеше од походот на Александар Македонски во Индија, а подоцна прифатен од поетите и уметниците.
Од Аорнос Александар Македонски замина кон местото каде Хефестион, според неговите инструкции, направи понтонски мост на реката. По жестоката битка, на војската и даде одмор од триесет дена, а во пролетта на 326 година ја премина реката Инд и отиде во земјата на својот сојузник Таксил, чија власт се протегаше од реката Инд до Хидасп, следната река во Пенџаб.
Таксил го прими со многу вредни подароци и му посака добредојде во Таксилија, неговиот главен град. Неговиот статус беше потврден од Александар Македонски и беше третиран како вазален принц, бидејќи на заминувањето од Таксилија. Александар остави гарнизон.
Овде Александар Македонски со придружбата се запозна со чудата на Индија, со нејзините необични навики и обичаи, а неговите научници започнаа да ја испитуваат индиската флора. Во Таксилија прво се запозна со калуѓерите „гимнософисти” што претходно беа опишани.
Еден од нив, Калан, се приклучи кон кралскиот логор и отиде заедно со нив до Персија каде што се разболе и на изненадување на војската го заврши својот живот со филозофски молк на погребна клада.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН