Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека Рама пред Владата

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама. Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.
Како што информираат од Владата, по официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, имаа тет-а-тет средба, по што следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама имаа воведни обраќања. Потоа ќе има дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.

Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.

По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во состав на македонската владина делегација се Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи – заменик на претседателот на Владата за економски прашања, Бојан Маричиќ- заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Никола Тупанчески – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Беким Сали – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за образование и наука, Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Благој Бочварски -министер за транспорт и врски, Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи – министер без ресор за дијаспора, Абдулшуќур Абедини – заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Димовски – генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Тахир Хани- заменик генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.

Во состав на албанската делегација се Белинда Балуку – заменичка на претседателот на Владата на Република Албанија и министер за инфраструктура и енергетика, Нико Пелеши – министер за одбрана, Олта Џачка – министер за Европа и надворешни работи, Делина Ибрахимај – министер за финансии и економија, Бледар Чучи – министер за внатрешни работи, Мирела Кумбаро – министер за туризам и животна средина, Елва Маргарити – министер за култура, Бора Мужаќи – државен министер за младите и децата, Едона Билали – државен министер за заштита на претприемништвото, Роналдо Ристо – заменик министер за земјоделство и рурален развој, Улси Мања – министер за правда, Огерта Манастирлиу – министерка за здравство и социјална заштита, Евис Куши – министер за образование и спорт, Милва Економи – државен министер за стандардите на услугите, Елиса Спиропали – државен министер за односите со Собранието, Мајлинда Дука – државен министер и главен преговарач со ЕУ и Фатос Река – амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија.