Обединета Македонска Дијаспора ги објавува рекордните 18 добитници на Битов Стипендијата за Македонско Наследство

Канадската гранка на Обединета Македонска Дијаспора, Нова Генеравија и администратор на Битов стипендијата гордо ги објавува рекордните 18 добитници на Битов стипендија за македонско наследство , на Џон Л.Н. Битов (ОМД Битов Стипендии):

Кристијан Андонов, Изабела Бараковска, Тифани Фаруџа, Алекса Гламчевски, Ангела Јосифова, Ања Николова, Еван Нилов, Николас Ночевски, Анастасија Петровска, Џо Рајчевски, Ивана Ристова, Кристијан Ростанковски, Јана Савевска, Слободанка Смилкова, Јавуз Селим Топбас, Никола Трајановски, Христина Велјановска.

Стипендијата осонована во 2009 година е крстена по долгодишниот член и поддржувач на ОМД, покојниот Џон Битов и има доделено над $150,000 во стипендии.

Иако беа уникатни, но исполнителни минатите неколку години за Нова генерацијата низ пандемијата COVID-19, ОМД е среќна што финансирањето на потенцијални македонски таленти насекаде во светот продолжи да расте и ни дозволи дополнително пребарување на Македонски млади лица кои ќе имаат дополнителна мотивација и можност за успех во сферите кои се градат.

Листата на добитниците на стипендијата „Битов за македонско наследство“ е составена од видни и горди Македонци кои имаат високи амбиции во областа на правото, бизнисот, медицинските студии, општествените науки и политичките науки. Почнувајќи од дипломирани студенти до оние кои се возбудени да ги направат своите први чекори во високото образование. Уверени сме дека добитниците на стипендијата Битов ја претставуваат следната генерација македонски лидери.