Прилепска Пиварница е добитник на највисокото, златно признание од годишната награда „PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence“.
„Caleb Bradham“ наградата се однесува на квалитетот на „ПепсиКо“ производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалоците.
– Ова е прво вакво признание за Прилепска Пиварница и е од исклучително значење за нас затоа што стандардите, коишто компанијата „ПепсиКо“ ги има поставено и коишто ние ги исполнуваме, се навистина големи, а критериумите комплексни, изјави гелералниот директор на Прилепска Пиварница, Сашко Самарџиоски.
Златното ниво на наградата е доделено на 18 компании во целиот свет.