Многу зборови, ниедно дело. СДСМ во изминативе 10 месеци покажа дека младите не им се приоритет и дека се што им ветуваа пред избори било само една обична изборна лага.
Зоран Заев денес потврди дека владата на СДСМ за 10 месеци не направила ниту една инвестиција во образованието, ниту пак направила нешто во насока на подобрување на младинскиот стандард. Заев денес кажа дека наместо да сработи нешто за младите потрошил 10 месеци за составување на работни групи помеѓу владата и граѓанските организации. Тоа се 10 месеци, период во кој власта не направила ништо за младите.
Помпезно најавуваната младинска гаранција од страна на СДСМ се испостави како огромна лага. Заев ги лажеше младите пред избори дека државата најдоцна 4 месеци по завршувањето на нивното образование ќе им понуди вработување или можност за практика, тренинг или обука. 10 месеци откако СДСМ е власт, а младинската гаранција од најголемо најавуван проект, се сведе на пилот програма.
10 месеци СДСМ на власт, 10 месеци безнадежност за младите.
СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. 10 месеци откако СДСМ е на власт, немаат направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.
СДСМ пред изборите ветуваше почнување со изградба на студентски град на местото на студентските домови, Гоце Делчев и Стив Наумов. Поминаа 10 месеци, а од најавениот студентски град на СДСМ ни трага ни глас.
СДСМ ветуваше многу, не направи ништо. Младите се изманипулирани од СДСМ и Зоран Заев.
Младите се жртва на киднапираната држава од страна на СДСМ и заробеноста на институциите од врхушката на власта.
Оваа безнадежност не смее да продолжи. СДСМ не смее да ја одземе иднината на Република Македонија. Младите заслужуваат подобро.