АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА ПАТ КОН ОСВОЈУВАЊЕТО НА ИРАН (35)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Првата цел на Александар беше да се обезбеди од побегнатиот монарх. Затоа тргна по Кралскиот пат кој водеше од Екбатана до Иран во правец кон Рага (недалеку од Техеран) и касписките премини. Прогонувањето бараше да вложи големи напори, а тоа претставуваше еден од најсмелите напади што ги имаше преземено Александар Македонски.

He штедејќи ги ни луѓето ни коњите, Александар му одеше по петиците на Дариј и на крајот го втаса зад касписките премин (недалеку од Хекатомпил), по едно силно галопирање при што му помогна една мала коњичка група. А Дариј се беше сторил кукалка. Намесниците на иранските провинции, особено Бес, намесникот на Бактрија, видоа дека овој папсан човек нема сила да се бори против Александар Македонски во Источен Иран, па прво го ставија во синџири и го поведоа со себе како затвореник. Потоа, кога Александар Македонски се приближи, смртно го ранија и избегаа кон исток.

Моментот кога Александар Македонски застана пред трупот на Дариј беше еден од пресвртните во неговиот живот. По Ис тој посака со меч да ја добие Персиската империја; во Арбела беше прогласен од војската за Крал на Азија, а сега бидејќи почина и последниот Ахеменид, Александар Македонски се сметаше за негов следбеник и за законски наследник на персиската круна. He ce знае дали ја доби круната од персиските поданици со официјална прокламација.

Но, тој веднаш се прикажа како нов крал и нареди Дариј да се закопа покрај неговите прадедовци во Персепол и со сите кралски почести. Токму кога мислеше дека се одмаздил за својот татко Филип Македонски, сега се појави во улога на одмаздник во корист на убиениот Дариј. Бунтовниците кои го убија својот кралски господар беа достојно казнети, додека оние што беа верни на Дариј беа поштедени и задржани со почит.

Впрочем, не беше единствена одмаздата што го одведе Александар до Далечниот Исток. Co горда совест како законски наследник на Големиот крал, завојувањето на источниот дел од Персиската гигантска империја го сметаше за своја задача.

По смртта на Дариј многу различна беше импресијата кај античките Грци, античките Македонците и војската. Тие се надеваа дека сега војната е при крај и дека конечно ќе можат да се вратат во своите домови. На Александар Македонски прва должност му беше да ја собере војската и да им ја објасни потребата за натамошно напредување.

Мошне лесно му беше со својата пленувачка личност да ги убеди единиците да тргнат со него, но фактот што беше потребно негово обраќање на свечен собир, беше знак дека започна да се создава јаз меѓу кралот, од една, и античките грчки и античките македонски следбеници, од друга страна, што во наредните години стана многу поширок и подлабок. Тие се делеа не само поради различните идеи за целите што се бореа, туку и поради концепцијата на Александар Македонски како наследник на Дариј и на персиската круна.

Секако, Александар сé уште беше крал на Античка Македонија, а исто така и хегемон на Коринтската лига. Меѓутоа, неговата азиоатичка монархија го наведе на конфликт со античките Македонци, кои не можеа да поднесат нивниот крал да биде азиски султан. Настапи нов период во кој Александар Македонски, иако во почетокот само во присуство на своите ориенталски поданици, постепено почна да носи персиска кралска облека и го прифати персискиот дворски церемонијал.

Тешко е да се каже колку многу беше занесен од љубовта кон раскошот што, главно, го ставаше на истакнато место, или пак тоа го сметаше само како мотив. Во секој случај решавачкиот фактор беше новата позиција спрема Персијците и другите народи на азиоатичката империја. Како нивни законски крал тој во нив не гледаше непријатели туку свои поданици.

Секој што се бореше против него беше бунтовник против својот господар. За овие поданици, особено Персијците, дотогашна доминантна нација, беше важно нивните стари монархистички и религиозни традиции да се зачуваат колку што е можно повеќе. А за возврат на тоа, тие ќе го поддржуваат, како што правеа кон Ахеменидите, и ќе ја покажат својата длабока почит.

Тоа беше иста државничка идеја која веќе го побуди во Египет и Вавилон да ги прифати независните круни и да ги преземе старите традиции и церемонии. Срцата на новите поданици беа освоени од новата власт и тие станаа силна потпора на новата империја.

Овој нов однос кон Персијците ги поттикна кон натамошно постепено стапување во служба на кралот. Тој веќе почна да става Персијци на граѓански служби како намесници. Меѓутоа, беше новост кога во својата војска по извесно време почна да регрутира одреди од Персијци, а подоцна и од Иранци.

Оваа мерка ја презеде затоа што не ќе можеше да ги изврши своите гигантски планови само со античките Македонци, а беше тешко да се регрутираат од својата земја, кога отиде далеку кон исток. Овие неизбежни војнички промени го доведоа во сериозни конфликти со античките Македонци.

Беше јули 330 година кога трагично загина Дариј, кој беше на околу педесетгодишна возраст. По регрутирањето на војската, на која и даде мал одмор, на Александар Македонски му беше прва задача да ја окупира Хирканија, земјата јужно од Касписко Mope. Премина преку високиот планински венец Елбурз и отиде кон морскиот брег.

Таму водеше остра битка за да ги покори планинските племиња на Тапуријанците и Мардијанците, кои беа единствени што не беа потпаднати под персиска власт. Но, од друга страна, многу персиски богати луѓе побрзаа да го изразат своето почитување кон новиот крал. Исто така и околу 1.500 антички грчки наемници кои му останаа верни на Дариј, побараа прошка од Александар Македонски.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН