Мицкоски: Инфлацијата не е само висока поради увезената криза

„Од 2007-тата до 2016-тата БДП во тој период се зголемил за 4 милијарди 185 милиони евра, или околу 418 милиони евра. И кога тоа ќе се спореди со оние јавен долг од просечни 290 милиони евра годишно тогаш доаѓаме до позитивна сметка на крајот од годината од 128 милиони евра. Значи Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се задолжувала, но и ја развивала економијата. И затоа БДП растел за 128 милиони евра годишно повеќе отколку што растел јавниот долг. Додека пак Владата на СДСМ се задолжувала но БДП не растел колку што таа се задолжувала, и таа се задолжувала за 160 милиони повеќе евра отколку што растел јавниот долг. Ете тоа е зошто ние се наоѓаме денеска во една ваква ситуација, и зошто Македонија има висока инфлација“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во емисијата „Јади бурек“.

Мицкоски додаде дека Македонија со СДСМ на власт има огромна негативна сметка на трговската размена со Европа и таа се зголемува од година во година, покриеноста на извозот со увозот.

„И денеска владиниот економски тим кога ќе го седнете и кога ќе го прашате како се живее, ќе ви рече убаво, убаво е зашто тие живеат убаво, убаво ги користат привилегиите на системот, тоа што народот им го овозможил. Истовремено ќе ви велат да ама кризата е увезена. Е, сега се поставува прашањето како е кризата увезена, кога инфлацијата во Македонија е за два пати повисока од инфлацијата во Европа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот посочи дека инфлацијата во Македонија не е само висока поради увезената криза.

„Ако вие дома работите доволно, ако вие дома произведувате доволно, ако доволно извезувате, тогаш и оваа увезена инфлација која што не можеме да ја занемариме ќе ја намалиме. Акое увезената инфлација 9 – 10%, вашиот успех ќе биде домашната инфлација да биде 5-6 или7%, а не 20% колку што е нашата. Во август месец беше 18,7% и тоа се должи најмногу поради тоа што цените на основните прехранбени производи се зголемиле многу 30 па и повеќе проценти. Тука се млеко, месо, леб, јајца, масло, итн. И тука го доведуваат во опасност целокупниот систем“, нагласи Мицкоски.

Матрицата на владата е на крадење, лажење и многу корупција и криминал. Јавниот долг го зголемија за 2 милијарди и 348 милиони евра, повеќе се задолжуваат отколку што расте бруто домашниот производ и затоа Македонија има висока инфлација  сме таму каде што сме парите ги крадат и не ги трошат ненаменски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „јади бурек“ на ТВ Сонце.

– Дека не зборувам на памет, направив мала споредба во делот на два параметри значајни во економијата, тоа е јавниот долг кој го има државата и бруто домашниот производ, колку државата произведува. Ако го гледате јавниот долг во овие 4 години власт на СДСМ бидејќи 2017 не е земена како заедничка година, со техничката влада, исто и 2006 е таков период. Така ако го анализирате овој 4 годишен период јавниот долг во владата на СДСМ е зголемен за 2 милијарди 348 милиони евра или просечно годишно е зголемен за 590 милиони евра. Во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 до 2016, јавниот долг  е зголемен за  2 милијарди 893 милиони евра или просечно годишно по 290 милиони евра. Тие 590 милиони  евра, а ВМРО-ДПМНЕ по 290 милиони, а не е земена 2022 година, појасни Мицкоски

Мицкоски исто така посочи и дека кога во 2009 година се зеде обврзница од 150 милиони евра и тоа беше шокантно, тогашниот гувернер на Народна банка направи упад што ги дигна каматите и таа обврзница беше под жесток притисок, а тогашната опозиција СДСМ направи таков бунт и напад како да е најголем грев, а сега оваа влада на СДСМ се фали дека земала од ММФ 530 милиони евра.

– За 150 милиони евра имаа бунт, сега се фалат со 530 милини евра и коленичат за еврообврзница една милијарда евра. Во овие 4 години бруто домашниот производ пораснал за 1 милијарда 725 милиони евра или просечно тоа е 430 милиони годишно, а за истиот период долгот се зголемил за 590 милиони, а БДП за 430, салдото на крај е минуси 160 милиони евра. Ја задолжувале државата да ги крадат парите и да ги трошат ненаменски, истакна Мицкоски.

Мицкоски за бруто домашниот производ нагласи дека од 2007 до 2016 за тој период се зголемил за 4 милијарди 185 милиони евра или околу 418 милиони годишно и кога тоа ќе се спореди со јавниот долг доаѓаме до позитивна сметка на крајот од годината од 128 милиони евра.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ се задолжувала, но и ја развивала економијата и затоа бруто домашниот производ растел за 128 милиони евра повеќе од јавниот долг, а владата на СДСМ се задолжува, а бруто домашниот производ не расте и тие се задолжуваат за 160 милиони евра повеќе и затоа сме во оваа ситуација, зошто Македонија има висока инфлација, негативна сметка во трговската размена, изјави Мицкоски.