Средба Османи – Дендиас во Њујорк: Поддршка од Грција за ЕУ перспективата

Грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава, Договорот од Преспа, енергетската соработка, како и случувањата во регионот, биле темите за кои, според грчкото МНР, разговарале министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и на Грција, Никос Дендиас, во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на двете дипломатии остварија средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, а од Министерството за надворешни работи на Грција, преку „Твитер“ информираа дека Дендиас и Османи дискутирале за „имплементацијата на Договорот од Преспа, за соработката во областа на енергетиката, за случувањата во Западен Балкан и за поддршката на Грција на европската перспектива на Северна Македонија“ .