ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО ПОД ТУЃА ЈУРИСДИКЦИЈА (15)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Во делата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и Канада“ е презентирана историската вистина за Македонците од сите делови на Македонија во новите средини каде биле предмет на разни туѓи верски, нацио­нални и политички влијанија, кај кои се нашло погодно тло за таквата дејност. 

Во тој правец активна била бугарската, грчката и српската пропаганда, кои со успех ги вршеле своите замислени цели. Притоа, во прилог одела и неорганизи­ра­носта на македонските доселеници кои, за жал, немале ниту своја држава, ниту, пак, свои македонски православни цркви.

Тоа е изразено особено во периодот од нив­ното доаѓање во САД, Канада, Австралија и други земји, до конституира­ње­то на ма­кедонската држава, Македонците кога биле предмет на бу­гар­ската, грчката или српската пропаганда. Свои пропаганди и влијанија врз македонските доселеници вршела и Католичката, Англиканската и некои про­тестантски цркви, затоа одреден број од нив се приклучиле и кон овие цркви.

Во периодот меѓу двете светски војни, кога МПЦ не беше конституирана како институција, македонските доселеници во САД и Канада не само што учес­твувале во организирањето и во изградбата, туку и  ги поддржале, ги фи­­­­­нансирале и црквувале, главно, во т.н. македонско-бугарски православни храмови. Овие цркви биле поттикнати, изградени и контролирани од МПО.

И денес мал број Македонци, претежно од постарите генерации, ги задоволу­ваат своите религиозни потреби во некои од овие христијански храмови. Од деведесеттите години на минатиот век, поголемиот број  цркви со македон­ско-бу­гарски карактер, од владение на  МПО биле предадени и се под це­лос­на контрола и под јурисдикција на Источната православна црква за САД и Канада, која нема никакви врски со македонскиот народ и Македонија.

Исто така, пред конституирањето на МПЦ во лицето на Охридската архиепископија, голем број македонски доселеници помогнале материјално и духовно во изградбите и опстојувањето, како и црквувале во српски, грчки, руски, украински, романски и други православни цркви во САД и Канада, меѓу кои едни од најзначајните се следните:

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ГРАНИТ СИТИ. Првата македонско-бу­гар­­­ска црква во САД била формирана и изградена во Гранит Сити, Илиноис, во летото 1909 година. Таа била изградена во тогашната населба “Линколн”, во која жи­вееле голем број македонски печалбари претежно од Егејска Маке­до­ни­ја и од­реден број Бугари. На 14 септември 1909 година била осветена и отслуже­­на првата богослужба од бугарскиот архимандрит Теофилакт.

Уште во ју­­­ни 1908 година, архимандритот бил испратен од администрацијата на Све­тиот синод од Софија да им служи на Бугарите. Меѓутоа, неговата цел и на­­мера била да ги “прибере” Македонците во крилата на Бугарската пра­вославна црква, која, во тој период имала силно влијание врз Македонците, осо­бено печалбарите од егејскиот дел на Македонија.

Од 1913 до 1922 година, црквата била скоро затворена бидејќи немала постојано свештено лице. Од 1933 година била поактивна. Меѓутоа, по Втората светска војна црковниот живот замира, затоа во 1954 година била продадена на Ерменската апостолска црква.

СВЕТА ТРОЈЦА ВО МЕДИСОН. Бугарската православна црква Св. Тројца во гра­дот Медисон, во државата Илиноис, била формирана 1910 година. Таа била из­­гра­де­н­а со средства на Македонци од егејскиот дел на Македонија и не­­­колку Бу­гари. Ка­ко и со другите македонско-бугарски православни цркви, така и со оваа раководел бугарскиот архимандрит. Во 1919 година во црквата бил под­метнат по­жар и била многу оштетена.

По десет години храмот бил обновен и ре­­кон­струиран. Тој се состоел од црковни простории и мала сала. Во 1975 го­­дина црквата била проширена и во неа денес се служи на англиски јазик. Ова е един­­ствена црква изградена претежно од Македонци што не ја кон­тро­ли­рала МПО до 1938 година. До пред десетина години сите други македонско-бу­­гарски или бу­гарски православни цркви ги контролирала организацијата МПО.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО СТИЛТОН. Втората македон­ско-бугарска пра­во­славна црква во САД била Св. Благовештение во Стилтон, Пенсилванија. Таа била организирана во 1909 година, односно неколку месеци по форми­ра­ње­то на црквата Св. Кирил и Методиј во Гранит Сити. Таа, исто така, била ос­­ве­тена од ис­тиот бугарски архимандрит, кој бил избран и за прв енорен свеш­теник на црквата.

Во неа црквувале претежно членови на МПО, од ог­ранокот “Прилеп”. Овој огранок бил формиран во 1921 година и, всушност, бил сопственик на куќата во која имало сала до самата црква. Инаку, салата била изградена во 1927 година со средства претежно на Македонците од При­леп и Прилепско. Во 1949 година црквата била дооформе­на, меѓутоа во почетокот на 1975 година во неа бил подметнат пожар и е теш­ко оштетена. И денес оваа црква е активна и припаѓа на Бугарската источна православна црква за САД, Канада и Австралија.

СВЕТИ СТЕФАН  ВО ИНДИЈАНАПОЛИС. Една од поголемите македонски ко­ло­нии во САД по Илинденското востание била во Индијанаполис. Така, околу ил­јада души од Леринско, Воденско и други места од Западна Македонија и сто­тина Бугари биле организирани во здруженијата “Екши-су”, “Островско” и “Па­телско”. Тие решиле да формираат христијански храм во Индијанаполис. Во тоа време во нивната средина дошол истиот бугарски архимандрит, кој ја про­­должил својата мисија, “помагајќи” им да ја формираат Бугарската право­­слав­на црква Св. Стефан (на 1 јануари 1915 година).

Со собраните сред­ства пре­тежно од Македонците била купена една зграда, која била ре­но­ви­рана во црк­ва, а веќе во 1918 година црковниот имот бил исплатен. Денес оваа црк­­ва се’ уште постои. Во неа црквуваат одреден број семејства по потекло од Егеј­ска Македонија и од Бугарија, кај кои интеграционите процеси во новата сре­дина си го сториле своето. И таму богослужбите се вршат само на ан­глис­ки јазик. 

СВЕТО ВОСКРЕСЕНИЕ ВО ТОЛИДО. Македонско-бугарската црква Св. Вос­кресение ги опслужувала македонските и малиот број бугарски досе­леници од То­лидо, Лореин, Менсфилд и Кливленд. Црквата била изградена и дадена во упо­треба на 18 јуни 1923 година. Во оваа црква било силно влијанието на МПО.

СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ ВО МЕЈСОН СИТИ. Во Мејсон Сити, во државата Ајо­ва била фор­ми­ра­на македонско-бугарската црква Св. Петар и Павле.Таа била из­градена и да­де­на во употреба во мај 1928 година, а во неа црквувале доселениците од Ајова и од Минесота.

1vult12

Црквата „Свети Никола“ во Форт Веин

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ГЕРИ. Во јули 1929 година во Гери, Инди­јана, била организирана македонско-бугарската православна црква Св. Климент Охридски. Во почетокот била купена една српска православна црква, во која биле вклучени и црквувале голем број Македонци и Бугари. Црквата имала проб­леми со сопственикот на имотот, затоа била затворена. Подоцна е из­гра­дена друга црква на ново место, со исто име, меѓутоа нејзината актив­ност спласнала, па и таа престанала да работи.

СВЕТИ НИКОЛА ВО ФОРТ ВЕИН. Во градот Форт Веин се наоѓа седиштето на МПО. Таму, во почетокот црковниот живот започнал во приватни куќи и дуќани, а од 1940 до 1948 година во Батлеровата сала. Во неа се одржувале богослужби на бугарски јазик и во 1946 година била донесена одлука да се со­берат средства за новата црква Св. Никола.

По две години, новоизградената црква била осветена во ноември 1948 година. Таа е една од поубавите ма­ке­дон­­ско-бугарски православни цркви на северноамериканскиот континент. Ка­ко што бил случај и со други македонско-бугарски православни цркви во САД и Ка­нада и оваа црква, меѓу другото, била и место за одржување веронаука и по­магала на бројни новодојденци од различна националност и деноминација.

Ис­то така, таа била место каде се ширело пра­во­славието и се чувало бугарско-ма­кедонското наследство. Во периодот од че­тириесетина години во неа слу­же­ле неколку свештеници на бугарски јазик, а во последно време службите се вршат на англиски јазик.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН