ПОБЕДОНОСНАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАЈ ИС (17)    

 

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Реката Пинар, која во својот горен и среден тек има стрмни брегови, беше искористена од Персијците, како и на Граник, како пречка да го брани нивниот фронт. Грешките на намесниците кај Граник овојпат беа отстранети, така што, најдобрите единици, античките грчки наемници, беа поставени пред центарот на борбената линија.

Десно и лево од нив стоеја ориенталците, тешко вооружените Кардаки, чие десно крило беше зад коњицата-, која Дариј ја смести преку реката за да ги маскира операциите, а потоа да се повлече преку реката.

Главните единици од коњицата на Александар Македонски беа поставени десно од античките грчки наемници на левиот брег на реката Пинар, кој беше рамен, а матицата на реката формираше тешка препрека на погодната почва за ангажирање на коњицата дури до морето.

Преостанатите единици беа повлечени во длабоки формации зад овој фронт и построени според нивната националност. На левото крило на стрмнините на Аман, Дариј постави напред еден корпус, кој доколку беше возможно требаше да го зафати Александар Македонски од зад грб. Тој самиот беше во величествена кола во центарот зад античките грчки наемници.

Пред битката Александар Македонски тајно ја помести тесалиската коњица од десното крило зад фронтот кон лево, правејќи, всушност, ист распоред како на Граник. Единствена разлика беше тоа што требаше да се сретнат со корпусите на падините каде што остави неколку единици на десниот агол до своето десно крило

Но, кога корпусите бегаа кон ридот пред дождот од стрели, овие единици беа веднаш готови да се вратат назад на фронтот. Како и на Граник Александар Македонски командуваше со десното, а Парменион со левото крило. На Парменион му беше дадена стриктна наредба во никој случај да не ја прекине врската со морето. Важноста на оваа положба на морето му беше јасна на Александар Македонски уште вечерта пред Миријандр кога прво ја испланира битката. Потоа им принесе жртва на боговите на морето, а фрли и една кола со четири тркала во брановите како понада на Посејдон.

Така Александар Македонски се потпре врз милоста на боговите и врз својата одлична коњица предводена од Парменион. Повторно мора да се отфрли неверојатниот број Персијци за кои се смета дека божем биле дури до 600.000. Нема сомнение дека војската на Александар Македонски, иако доброволна, беше помногубројна од онаа на Граник, но сепак мораше да се соочи со понадмоќна сила.

Александар Македонски ја започна битката сходно со тактиката на коса формација: ја поведе тешката коњица преку Пинар и го нападна левото крило на непријателот. Co жесток напад го натера непријателот да се повлече, при што доби мала рана на ногата.

Арно ама, во меѓувреме полковите на неговите фалангисти при качувањето на стрмниот брег од реката се преместија и ја прекинаа борбената линија. Наскоро античките грчки наемници од првата линија им се противставија и кога го забележаа ова навлегоа во празнината и започнаа жестока борба на брегот на реката.

Се повеќе се распламтуваше борбата во која и античките Грци и античките Македонци беа исполнети со амбиции да ја покажат својата супериорност над респектираниот непријател. Силната антипатија што постоеше меѓу двата народа дојде до израз во оваа битка. Македонците кои беа тешко притиснати од непријателот добија помош не само од соседната фаланга туку и од Александар Македонски, кој по совладувањето на левото крило на Персијците изведе решавачки маневри и брзо го нападна центарот.

Всушност, Александар Македонски ја реши битката. Веднаш штом Дариј го виде брзиот напад на Александар Македонски, ја сврте својата кола кон север и панично избега. Тоа е претставениот момент со драматичното преувеличување на Клитарх во познатиот мозаик на Помпеј во „Куќата на паунот”.

Александар Македонски имаше голема желба да го зароби Големиот крал, но не можеше да мисли на гонење, зашто поважна му беше борбата против античките грчки наемници, a пред се‘ беше зафатен со коњицата на левото крило која требаше да ја реши битката. Во почетокот бројно посупериорната персиска коњица на левата страна го премина Пинар и жестоко нападна на тесалиските и пелопонеските коњаници што ги командуваше Парменион, кои наскоро се соочија со серозни тешкотии.

Мошне беше важно овде да не се направи пробив на борбената линија, бидејќи во таков случај позицијата на Александар Македонски би можела да се измени. Текот на битката во центарот и покрај морето покажа колку повеќе Александар Македонски беше во опасност овде кај Ис, отколку на Граник.

Должноста на коњицата беше да дејствува на двете страни со најголема брзина. Тогаш персиските коњаници слушнаа дека нивниот крал избегал и дека ги оставил на цедило. Ги свртеа своите коњи, арно ама гонети од Тесалијците, паднаа во стапица при повлекувањето, така што се најдоа во општата положба на целата персиска војска.

Веднаш штом Персијците почнаа да бегаат, Александар Македонски ги гонеше со надеж дека сé уште ќе го фати Дариј. Меѓутоа Дариј веднаш беше ја заменил колата за коњ, ја исфрлил кралската маска и избегал, оставајќи ги зад себе штитот и лакот. Неговото бегство предизвика огромни загуби за Персијците, бидејќи северно од Аман борбената линија се повеќе се приближуваше до морето и така оставаше тесен премин низ кој поминуваа војските кои бегаа.

 

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН