ИДНИОТ ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (12)  

 

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Несомнено, како генерал на Лигата, на Александар Македонски прва должност му беше да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сé што беше надвор од овие градови и нивните територии, тој покори за себе. Александар не дојде како опустошувач, туку како иден владетел и во покорениот народ виде свои поданици.

Александар Македонски имаше желба да ги смири народите со новата власт, но притоа ги зеде предвид нивните национални традиции, онолку колку што можеше да дозволи неговата империја, при што во новите услови тие требаше да бидат мирољубиви.

Веднаш по навлегувањето во новата земја, Александар Македонски започна да владее како нејзин нов крал. По битката на Граник ја организира администрацијата во намесништво на Хелеспонтинската Фригија, чиј намесник Арсит избега по борбата.

Наместо него го наименува античкиот македонски благородник Кала. Беше најинтересно, а можеби и многу изненадувачко за неговите антички Македонци, што тој не му даде на Кала македонска титула, туку му даде стара персиска татула намесник (Ксатрапаван – заштитник на државата) на што населението беше навикнато во минатиот период.

Co титулата, Кала доби исто толку функции колку и Арсит. Александар Македонски не направи ниту една измена со своите барања од новите поданици, истиот данок што тие дотогаш му го плаќаа на Големиот крал, сега требаше да му го плаќаат на новиот господар. Веднаш го натера Парменион да го заземе местото во владата на намесништвото Дасцилиум. Така Александар Македонски му се вмеша во правата на Големиот крал, чија круна подоцна ја зеде засебе.

Овие мерки, со кои Александар Македонски не ги спои новите освоени земји со своето античко Македонско кралство, туку ги остави настрана, независни, ни покажуваат дека покрај тоа што може да се формира точна претстава за неговите планови и надежи, туку не пројави ни најмала намера за заокружување на своето македонско кралство.

Непосредниот ефект од победата на Граник се состоеше во тоа што соседните делови на западна Мала Азија паднаа во рацете на Александар Македонски без борба. Кога дојде во Сард, седиштето на владата на лидијанското намесништво, му се предадоа не само градот туку и тврдината која беше неосвоива заедно со големото богатство, каде што за командант постави антички Македонец. Исто така, Александар Македонски им покажа дека тука не дошол да ги зароби туку да ги ослободи и со почит гледаше кон нивните национални карактеристики.

На Лидијците, луѓе од старата цивилизација, кои ја поттикнаа античката грчка култура особено во религијата и музиката, Александар Македонски им ги врати старите лидијски закони што владееја пред да бидат покорени од Персија. Тој, исто така, покажа дека дошол да ја воведе античката грчка култура на Исток, затоа во тврдината на Сард изгради храм и олтар посветен на олимпиецот Зевс, панелинистичкиот бог.

Откако го именува Македонецот Асандер за намесник на Лидија, Александар Македонски му ја довери финансиската контрола на еден свој офицер, потоа дојде до брегот во Ефес и според својата панелинистичка задача започна да ги ослободува античките грчки градови. Од Ефес со голем број единици ги освои аеолијанските и северните јонски градови, а на југ Магнезија со Трал на Меандер кои ја изразија својата приврзаност кон кралот.

Александар Македонски насекаде ги исфрли олигархиите, а воспостави демократија со нивните поранешни закони. Тоа го направи овде и насекаде како противмерка на персиската влада која постојано ги фаворизираше олигархиите.

Притоа, плаќањето данок на Персија од страна на античките грчки градови беше укинато. Насекаде ослободувањето од персиската власт беше поздравено со одушевување, а Александар Македонски се прославуваше како ослободител. Преку пренесувањето на правото на имот на античките народи од Мала Азија според Кралскиот мир,

Персиската империја доби многу економски предности, бидејќи овие антички Грци имаа подобри материјални услови од слободните античките народи во татковината кои се судруваа со крвави караници.

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата”

На прашањето како Александар Македонски ги организирал слободните антички народи во Мала Азија тешко е да се одговори. Меѓутоа, подоцнежните документи покажуваат дека, како и порано, островите подалеку од брегот ѝ припаѓале на Коринтската лига. Така, сега градовите на копното беа членови на Лигата на Александар Македонски, кој несомнено ја следеше намерата на својот татко Филип Македонски. Посебните мерки преземени од Александар Македонски се сложуваат со оваа претпоставка.

Посебна карактеристика е тоа што азискоатичките членови на Лигата не беа обврзани да даваат контингенти за војската и флотата како државите во татковината, но требаше да плаќаат придонес во пари. Јонскиот федерален систем, кој беше обновен пред доаѓањето на Александар Македонски во средината на столетието, сé уште беше во сила и нема доказ спротивен на ова мислење, бидејќи во Античка Грција лигите беа признати како членки.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН