Гувернерот на Охајо го честита Денот на независноста

Со оглед на тоа што, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и

Со оглед на тоа што, кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и

Со оглед на тоа што Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и

Со оглед на тоа што, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и

Со оглед на тоа што, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и

Со оглед на тоа што, помеѓу најпоснатите Американци со македонско потекло во Охајо биле браќата Кираџиеф, Том и Џеф, кој во 1922 година употеба рецепти од нивните родители и Баба и Дедо да го основат Синцинати Чили, кое беше прогласно како 20 најиконски храни во Америка во 2013 година од Смитсониан мусејот, и

Со оглед на тоа што, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati’s Empress Chili“, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и

Со оглед на тоа што, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Богородица во Рејнолдсбург, и

СЕГА, ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер и поручник гувернер на државата Охајо, го признаваме

ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ на овој 8-ми септември 2022 година.