Словачката претседателка Зузана Чапутова во посета на земјава

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Исто така, претседателката Чапутова и словачката делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и претседателката Чапутова ќе имаат билатерална средба со членовите на двете делегации.