ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Филип Втори Македонски стана господар на цела Античка Грција и можеше да оди понатаму да ја зацврсти својата власт со легални форми. Co оваа намера тој ги повика сите суверени антички грчки држави на копното (се до македонската граница), како и островите, да испратат дипломатски претставници на Коринт, со цел да се консултираат со него за новиот поредок во Античка Грција.
Спарта, наспроти своето политичко значење, беше единствената држава што тоа гордо го одби. И така на крајот од 338 година почна прочуената Конференција на мирот на Коринт, чии заклучоци претставуваа круна на Филиповата животна цел. Тоа мора посебно да се има предвид, бидејќи тие претставуваа темел за врската на Александар Македонски со Античка Грција.
Филип Македонски ја отвори постапката со читање на манифестот „Диаграма” во кој ги изложи своите предлози пред да се соберат дипломатските претставници. Несомнено, ова ја негира вистината дека во дискусијата за Кралскиот мир на Сардис, пораката од Големиот крал беше ставена пред ѓрчките претставници.
Додека тие беа принудени со закана да го прифатат она што им беше диктирано од Големиот крал, Филип Македонски им го поднесе својот документ само како основа за претстојните дискусии.
Тие на Коринт се задржаа со месеци, можеби до пролетта на 337 година. Дека Манифестот „Диаграма” беше ставен во обврзна форма, повеќе од сигурно само може да се претпостави, иако Филип Македонски за време на конгресот им се претстави на дипломатските претставници со сиот свој шарм и љубезност, што можеше да го покаже кога сакаше.
Тој беше страшно неспокоен и сакаше да ги добие симпатиите на античките Грци, што беше важно за реализација на неговите цели. Резултатот на овие преговори беше договорот за сојузништво меѓу Филип Македонски и античките грчки претставници на Коринт, а тоа се потврди со заклетва од сите странки.
Неговите главни точки се следните: Филип Македонски склучи со античките Грци пријателство и едностоен офанзивен и дефанзивен сојуз. He e определено, но не е и невозможно дека дури тогаш, како на последното обновување на овој договор за сојузништво во 302 година, античките грчки држави се сложија меѓу себе за пријателство и за офанзивен и дефанзивен сојуз.
Лигата на античките Грци формирана со овој сојуз беше претставена од општ Федерален совет, во кој секоја држава посебно мораше да испраќа свои пратеници по број кој варира според нивната воена моќ.
Овој совет ги одржа своите општи заседанија во времето и на местото од четирите големи панелинистички игри (на Олимпија, Немеја, Делфи и Истмос), додека за обични состаноци веројатно бил избран Коринт, а тоа е местото каде што беше седиштето на постојаниот деловен комитет од пет претседатели. Во првиот параграф: слобода и автономија, а веројатно исклучување од данок и од воено ангажирање, имаше добиено секој член од лигата.
Независно од Теба, сместувањето на античките македонски гарнизони во Акрокоринт, Јалцис и Амбрација беше во интерес на лигата, а одобрено од конгресот. Како и во втората Атичка военопоморска лига, хегемонијата на Атина беше вон Федералниот совет, во кој Филип Македонски беше хегемон, сојузен генерал, избран доживотно од конгресот. Неговото античко Македонско кралство природно не припаѓаше кон Елинистичката лига.
Преку Филиповата позиција како хегемон, оваа Елинистичка лига на државите, на чии индивидуални членови со закон им беше загарантирана слободата и автономијата, постојано беше сврзана со античкото Македонско кралство со помош на личниот авторитет на Филип Втори Македонски.
Позиција како хегемон била долго негувана законска форма што Филип Македонски на крајот ја пронајде за да доминира над Античка Грција. Таа бараше да се дејствува колку што е можно понежно со грчкото чувство и независност. Каков труд тој беше вложил за да не ја повреди грчката чувствителност, се гледа од неговиот опис во договорот, не како крал, туку како хегемон.
Функциите меѓу советот и хегемонот, се поделени така што првиот требаше да ги донесува резолуциите, а вториот да ги спроведува. Федералниот совет што го формира федералниот суд, донесе многу важни одлуки, мерки против прекршителот на договорот, и дали да биде мир или да се води војна.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН