Легендарниот Џиџи Буфон, повторно ќе биде на голот на Италија на пријателските натпревари со Аргентина и Англија. Иако најави пензионирање особено од репрезентативниот дрес, Буфон не оддолеа на повикот на привремениот италијански селектор Луиџи Ди Бјаџо.
Во својата изјава, тој наведе две причини за прифаќањето на повикот.
-Јас треба да бидам пример за останатите играчи. Јас сум фудбалер кој треба да ги обедини останатите. Тоа е и причината зошто сум тука. Сакам како обединувачки елемент да бидам и запаметен во фудбалската историја. Во репрезентацијата има многу млади играчи, некои станаа и лидери во своите тимови. Во блиска иднина тие треба да бидат и носители на играта на италијанската репрезентација – вели Буфон.
Што се однесува до втората причина, Буфон како таква го наведува починатиот колега Давиде Астори од Фиорентина.
– Астори е втората причина зошто повторно ќе го носам репрезентативниот дрес- изјави 40-годишниот Буфон.