ЖИВОТНИОТ ПАТ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД (7)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Во монографијата „Сеќавање“ Дана Скендова – Скотланд го пишува следното: Моите родители се познавале уште како деца и на мајка ми не ѝ се допаѓал татко ми, би дејќи тој секогаш фрлал со камења по неа, но на нејзино изненадување, родителите решиле да ја омажат токму за него, бидејќи таа била убава, вредна, работлива, знаела да готви, да везе, да плете и да работи сè што се очекувало од добра невеста-неволјанчанка.

Се венчале на 9 мај 1937 година. Мајка ми оти шла да живее во неговата куќа, како што било обичај. Неговата помала сестра имала само 7 години кога тие стапиле во брак. Несреќниот дел бил тоа што иако нејзиниот свекор бил еден од најбогатите луѓе во селото, откако го спечалил своето богатство во пекарницата во областа Акрон, тој почнал да пие многу, се оддал на алкохолот поради што се однесувал неразумно, како голем тиранин и диктатор. Сите продукти и сета жетва се распределувале како што сакал тој – да продаде за да спечали колку што е можно повеќе.

По цело лето и цела есен татко ми и мајка ми работеле во полињата, а кога зимата ќе дошла, тој ги бркал од дома, велејќи им дека не биле добри, туку мрзливи и дека мора да си најдат соба во нечија куќа да преживеат во текот на зимата. Мајка ми работела за семејството преку ден, а ноќе на свеќи, везела кошули за голем број момчиња во селото, за нивното руво, како што го викале. За оваа работа, луѓето им давале храна, но во основа тие, речиси, гладувале секоја зима, со исклучок на некои роднини кои им носеле нешто храна и се обидувале да им помогнат.

Секоја пролет таткото ги молел да се вратат дома да му помогнат во работата и барал прошка од нив, велејќи им дека не знае зошто ги истерал од дома. Моите родители родиле две дечиња в „туѓи куќи“ – Ване и Тасе. Ване починал на возраст од 9 месеци, но не сум сигурна за причината, веројатно, затоа што мајка ми не била доволно хранета и немала млеко за доење како што било обичај тогаш. Тасе имал една година кога се разболел од дијареја и мајка ми го однела во Лерин на лекар. По патот дотаму, држел ѓеврече в рака и грицкал од него. Лекарот му дал инекција и тој починал во нејзините раце на пат кон дома. Ова е само една од многуте трагедии во нивниот живот.

Во периодот 1939-1940 година, за време на Грчко-италијанската војна, татко ми бил регрутиран во грчката армија и бил испратен на фронт. Бил фатен од Италијанците и бил воен затвореник шест месеци, а за тоа време на мајка ми ѝ рекле дека е убиен во акција. Имало размена на затвореници и татко ми бил ослободен. На изненадување на мајка ми, тој се вратил дома, што било одлично, бидејќи таа била бремена. Ѝ кажал дека Италијанците многу добро се однесу вале кон него и дека, всушност, се поправил – рекол дека никогаш пред тоа не јадел толку многу макарони како во тие шест месеци.

Поради непријатната ситуација со неговиот татко во Неволјани, кон крајот на 1941 година татко ми и мајка ми одлучиле да го напуштат селото и за подобар живот да заминат во Бугарија. Таму, татко ми добил работа во една винарија, која била во сопственост на Мито Чепкесо, соселанец од Неволјани. Произведувале вино, алкохол и други алкохолни пијалаци и, се разбира, било потребно да се дегустираат производите за квалитет. Татко ми стравувал дека и тој како татко му, исто така, може да стане алкохоличар во такво опкружување и дека лесно може да стане зависник од пиење, па затоа се откажал од таа работа и преминал во градежништво.

Тие биле во Бугарија кога во 1943 година цар Борис бил повикан во Германија, бидејќи не се согласувал со депортацијата на Евреите, но по неговото враќање починал во рок од само неколку дена под сомнителни околности. Очигледно дека бил потпишан таен договор за депорта- ција на 20.000 Евреи од егејскиот дел на Тракија и Вардарска Македонија, но имало само 11.343 Евреи, па затоа уште 8.000 морало да бидат де портирани од Бугарија. Според историјата, се слушнале некои озборувања дека царот бил от руен за непочитување на таа наредба.

1mke2

Битола 

Во 1942 година моите родители добиле уште едно машко бебе кое починало при раѓањето. Есента во 1943 година моите родители одлучиле да одат во Битола. Татко ми отворил продав- ница за овошје која работела многу успешно, а мајка ми се запознала со „дедо оџа“, со кого станале многу добри пријатели. Моите родители живееле во куќата на таткото на Елка Георгиевска. Јас сум родена во таа куќа, на 22 септември 1944 година.

Родена сум карлично, со делумно изместен колк што останало незабележително многу години. Интересно, но „дедо оџа“ ѝ рекол на мајка ми дека ќе им се роди чупе, ама ќе има една мана којашто нема да му пречи многу во животот, ама не можел да предвиди што точно ќе биде тоа.

Мајка ми пречекала и им помогнала на многу жени кои доаѓале од Неволјани со нивните деца, бидејќи нивните сопрузи биле партизани, а тие избегале од селото за да дојдат во Битола. Сите спиевме во една соба и до ден денес сè уште сме пријатели. Едно такво семејство беше Мара Стрезова со нејзините деца Ѓорѓи и Томка. Тие на крајот дојдоа во Канада и Ѓорѓи често ми кажува приказни од тие денови и како моите родители им помагале.

Во 1944 година, татко ми се приклучил на Првата ударна бригада од Егејска Македонија во Битола. Негови водачи биле Гоце, Титан, Лефтер (шифрирани имиња) и Михаил Караменги- ев. Со својата бригада одел во Битола, Гостивар и Шар Планина.

Во 1945 година бригадата се расформирала во Скопје и тогаш тој бил во 8 дивизија, на народно-ослободителната војска на Македонија. Од 1945 до 1947 година татко ми работел како воен стражар (чувар) во Битола, Велушина, граничниот премин Кременица-Мегели, во Наколец, Дупени (Преспа). Со чун преку Преспанското Езеро стигнувал до Стење, на границата со  Албанија. Пешачел по дожд и снег до половина за доброто на Македонија. И најпосле бил демобилизиран од Скопскиот воен отсек.

Како војник, татко ми добивал леб што то- гаш го немало доволно. Ѓорѓи Стрезов ми раскажуваше дека тој го делел лебот колку што можел со неговото семејство кое, како што велеше: „Умиравме за леб, а стрико Коце ни помагаше да останеме живи“. Се чувствував толку горда кога слушав дека татко ми бил дарежлив и сочувствителен човек, кој го делел она што го имал за да им помогне на другите.

Во ноември 1947 година моите родителите го поздравиле раѓањето на близнаците Ристо и Трајан.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН