КОИ БЕА ЕЛИНИТЕ (АНТИЧКИТЕ ГРЦИ), А КОИ МАКЕДОНЦИТЕ – ВАРВАРИТЕ? (15)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Почетоците на македонската историја се завиени во целосна темнина. Има остри полемики за етнолошкиот проблем, дали Македонците биле Грци или не. Лингвистичката наука има на располагање многу ограничен број македонски зборови, а археолошките истражувања во Македонија се вршат со тешкотии

И уште кога ќе се земат предвид политичките услови, религијата и моралот на Македонците, нашето убедување е зајакнато со тоа што тие биле едно племе блиско до Дорианите.

Останувајќи на крајниот север, тие немаа можност да учествуваат во прогресивната цивилизација на племињата кои отидоа подалеку на југ, и така во времето на Персиската војна се појавија на хоризоитот како и другите Елини, но тие не се појавија како античките Грци, туку како варвари.

Александар I Македонски, кој, иако вазал на Ксеркс, во Персиската војна докажа дека чувствуваше симпатии кон Елините и сакаше да учествува на Олимписките игри, на кои само Елините имаа пристап, најпрво беше одбиен како варварин, но кога го докажа       педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид Темен од Аргос, беше примен како натпреварувач.

Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Елини, како потомци на Херакле; но, како и порано, така и потоа, народот беше сметан како варвари – дури и од Исократ во неговиот „Филип” – иако во меѓувреме мнозина кралеви имаа многу направено за воведувањето на античката грчка култура во своите држави.

Дури во времето на Филип Македонски, Елините видоа во Македонците негрчки странски народ, а мора да се сфати тоа ако се сака да се разбере историјата на Филип Втори Македонски и на Александар Трети Македонски, особено отпорот и пречките на кои наидоа од страна на Елините. Овој елемент е многу поважен од современото убедување дека античките Грци и античките Македонци беа браќа по вера. Тоа беше подеднакво непознато и за едните и за другите и затоа ова тврдење не би имало политички ефект.

Одделно од локалната разлика на двата народа, впечатокот што античките Македонци како варвари го оставија кај античките Грци се објаснува со блиското сродство во кое античките Македонци живееја со векови со нивните варварски соседи Илирите на запад и Тракијците на исток.

Во рамниот дел на Долна Македонија, северно од планината Олимп, во долните текови на реката Халиакмон и Аксиус, навлегоа античките Македонци на исток од планината Бермион надвор од планинскиот дел на Горна Македонија, а западниот дел беше окупиран од Илирите, додека источниот од Тракијците.

Античките Македонците мораа да го освојат тој простор постепено со борба. Ова е докажано со имињата на два антички македонски главни градови, Егеј и Пела, кои се македонски преводи од оригиналните илирски имиња Едеса (воден град) и Буномус. Покрај тоа што голем број антички жители беа истерани, сепак како што обично се случува, многу останаа и во текот на времето и на кој и да е степен на цивилизација, беа асимилирани и ставени во пониски класи од освојувачите. Истото се случи и со античките Грците кои отидоа подалеку на југ и со месното анадолско население што таму го најдоа.

Силното илирско и тракиско влијание може да се види во античкиот македонски говор и во обноските. Но, тоа се само дреболии во споредба со античкиот грчки карактер на македонската националност. На пример, имињата на вистинските чистокрвни антички Македонци, особено на принцовите и на благородниците се чисто антички грчки во нивното формирање и изговор.

Меѓутоа, основните карактеристики на античките македонски политички институции не се само антички грчки, туку и примитивно грчки. Старата патријархална монархија над населението и војската заврши во времето на Филип Македонски и Александар Македонски, монархија која еднаш постоеше кај сите антички грчки племиња, додека не отстапи пред аристократските форми на владеење под влијание на полисот. Еден од факторите со кој се објаснува долготрајното задржување на старата монархија е тоа што напредната идеја на полисот не навлезе во Античка Македонија.

Од другата страна, пак, силата на кралот кој беше највисок генерал, судија и поп, кој беше приспособен на фактот дека старата античка грчка заедница и војска, во чии очи кралот беше прв меѓу еднаквите што еднаш во примитивните времиња постоеше кај Елините, се одржа до времето на Александар Македонски и потоа со помош на собранието на војската која имаше определени привилегии.

Ова собрание на војската, покрај поврзаноста кон наследното право на Аргеадскиот дом, имаше право и обврска да избира нов крал, кој се потврдуваше со акламација. Ниеден не беше сметан за законски крал освен оној кого собранието на војската го избрало.

Другото право што тој го имаше беше тоа што истрагите за велепредавство мораше да се извршуваат пред него. Исто така, имаше работа и со пресудите и со егзекуцијата. Во друг поглед кралот беше претставник на правдата, а неговите поданици се докажуваа кон него со своите дела и личен пример на вистински патријархален начин на живеење.

Но, Аргеадите не беа првите господари на целата античка македонска нација. Првобитно, племињата во Горна Македонија, Линкеста, Ореста и Елимиота имаа свои принцови и кралеви. Беа потребни мачни борби за да се спојат во македонската држава и веројатно е дека медијатизацијата на овие кнежевски куќи беше извршена од Филип Македонски, кој ја обедини македонската држава.

Војската првобитно се состоеше од дворјанството приврзано на земјата, кое беше обврзано да му служи на кралскиот принц, секогаш подготвено за дејствување. Нивното лично сродство со кралот беше изразено преку патријархалната титула „Хетаирои”,  кралски следбеник, титула  што  порано  се употребуваше во Елада, како што 2.500-те Мирмидони на Ахил во Илијада се наречени исто така кралски следбеници.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН