Бугарскиот претседател Румен Радев му го честиташе државниот празник на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски

Претседателот на Бугарија Румен Радев упати честитка и оствари телефонски разговор со неговиот колега претседател Стево Пендаровски по повод Националниот ден на Република Северна Македонија – 2 Август, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев, одбележувањето на Илинденско-Преображенското востание од 1903 година зазема значајно место во заедничката историја на двете земји и е само еден од примерите на богатата духовна и културна- историско наследство кое тесно ги поврзува земјите денес и нивните граѓани.

Радев посочи дека нашата заедничка историја треба да стане вистински фактор за зближување меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а за тоа треба да придонесат и државниците од двете страни.