УЛРИХ ВИЛКЕН – АВТОРОТ НА РОМАНОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)

 

Александар Македонски на Бадијан е чист прагматист без да поседува филозофски погледи на светот што му ги дава Тарн. Кај Бадијан тој е со особена волја одвреме навреме да го искористи секој погоден миг за да ја постигне својата цел. Ова е еден неморален Александар, целосно окупиран со борбата за да ја осигура својата позиција како апсолутен господар.

Co цел да го добие ова, а поттикнат од својот огромен талент, тој ја завршува едната и достигнува друга ера. Тоа е се‘ уште слика на светски сподвижник, чии мотиви се поврзани со неговите сопствени амбиции и намери за опстанок.

Џори Радет направи мистичен Александар Македонски, убеден за своето потекло од Бога, барајќи ја својата апотеоза во Индија, а однесувајќи се како во „Илијада”. Пленувачката прикаска на Радет е современ роман, ставен во религнозни и политички рамки, но дава особености на карактерот на Александар Македонски што го привлекува современиот читател. Тоа помага да се објасни каризматичкото држење на субјектот што секогаш се манифестираше за време на приемите.

Ц. А. Робинсон, помладиот, пак, следејќи ја традицијата на Тарн, ја прифати идејата за сонот на Александар Македонски за братството меѓу луѓето. Портретот што го направи Робинсон за Александар фрла поголема светлина, а избегнува многу од преданијата непријатни за кралот. А има и други Александровци.

Испитувањето на литературата покажа дека до биографијата на Вилкен (1931), се појавија повеќе од педесет серии биографски проучувања, поголем број белетристика, вклучувајќи ги и романите, поезијата и драмата, а и бројни преводи и критички есеи за постари епски песни. Нема сомнение дека популарноста на Александар продолжува со несмалено темпо и во сегашно време.

Улрих Емил Елијас Фридрих Вилхелм Вилкен е роден во Стетин (сегашен Шчецин) на 18 декември 1862 година. Вилкен го започна своето редовно школување во Тибинген, потоа се пресели во Лајпциг каде што студираше египтологија и асириологија, од каде што на крајот дојде во Берлин да работи со Теодор Момсен
Дисертацијата за историјата на римскиот Египет му овозможи на младиот научник да добие звање асистент за египетски студии на Берлинскиот музеј, каде што од 1883 година беше одговорен за една пристојна колекција од папирусни документи.

Во текот на наредните три децении Вилкен со успех предаваше во Бреслав (каде што стана универзитетски професор во 1891 година), потоа во Вирзбург, Хале, Лајпциг, Бон и Мидхен, пред да се врати во Берлин како следбеник на Ото Хиршфелд. Во 1921 година Вилкен стана член на Германската академија во Берлин. Тоа беше во текот на почетната фаза на неговата научна кариера, станувајќи еден од основачите на папирологијата. Во тоа време песокот на Египет откри поголем број прецизни папирусни документи, а папирологијата беше се‘ уште непозната во последната деценија од деветнаесеттиот век.

Користејќи го своето одлично познавање и на египетските и на класичните студии, тој стана првокласен самоук експерт. Многу години подоцна, во признанието на неговата пионерска работа во оваа егзактна дисциплина, Меѓународното братство на научниците на неговиот седумдесетти роденден го прогласи за главен папиролог.

Интересот на Вилкен се прошири многу брзо. Во 1899 година ги публикуваше двата тома за античките грчки прогонети граѓани во Египет и Нубија, научен труд кој веднаш беше признат како значаен есеј во економската историја. Многу рано овој брилијантен Германец откри дека проучувањето на документите за прогонетите граѓани не беше цел сама за себе, туку средство за поголемо разбирање на големата историска сцена. Тој се‘ повеќе навлегуваше во проучувањето на елинистичкиот Египет и во 1917 и 1921 година објави материјали за Александар, за елинистичкиот економски систем и за птоломејскиот меркантелизам.

Економските погледи на Вилкен во книгата „Алсксаидар Велики” очигледно се јасни за читателот. Во последната глава, посебно е предадена веројатно најшироката економска ориентација на Александар и на неговите следбеници. Вилкен е во таа група на европски историчари која ја согледа важноста на примената на новата дисциплина за проучување на историјата.

Во 1924 година Вилкен го напиша своето дело „Грчката историја во рамките на стариот век”, прирачник за студенти и наставници, кое до 1958 година доживеа осум изданија! Триесеттите години за Вилкен беа особено плоден период. Историјата, папирологијата, правните науки, палеографијата и епиграфијата, сето тоа беше негов делокруг. Тоа беше во таа деценија кога се појави неговата книга „Александар Велики”, заедно со бројни кратки студии за македонскиот крал.

Втората светска војна ги спречи активностите на Вилкен, како што беше случајот со многу европски научници. Ни‘ беше речено дека политичките настани од тој период го разлутија и го разжалостија. Наскоро по прославата на неговиот осумдесетти роденден во 1942 година, Вилкен го напушти Берлин поради лошата здравствена состојба и поради интензивираните сојузнички воздушни напади. На 10 декември 1944 година умре во Баден-Баден.

Книгата „Александар Велики” беше публикувана во Лајпциг во 1931 година, а две години подоцна преведена на англиски и на француски. Таа брзо беше примена со ентузијазам. Критиките во тоа време ја прогласија како „восхитувачко целосна и точна слика”, „најдобра биографија за Александар дотогаш” и „ремек дело на историска интерпретација”.

Имаше и неповолни коментари во ревиите кои забележија грешки во помали детали или се противставија на скудните забелешки (праведна критика за сериозните научници на материјата), или несогласувања со одделни интерпретации на личноста и на плановите на Александар.

 

Продолжува

       Пишува: СЛАВЕ КАТИН