Новата политичка партија Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) денеска во Скопје го одржа основачкото собрание. За нејзин прв претседател е избран Петар Колев.
Новиот политички субјект, како што рече Колев, ќе работи за воспоставување правна држава.
Тој на собранието ја истакна важноста на прашањето „во каква држава сакаме да живеат нашите деца“, подвлекувајќи дека Македонија треба да стане силна и безбедна држава за сите нејзини граѓани.
На основачкото собрание присуствуваа и двајца членови на Европскиот парламент од редовите на конзервативците, Ружа Томашиќ од Хрватска како и бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски и одржаа кратки говори во знак на поддршка.
ГДУ е стационирана центар-десно во политичкиот спектар и е со изразено граѓански карактер.