Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 телевизија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог.

„Морам тоа да кажам дека не се наоѓа францускиот предлог, туку се наоѓа документ кој што треба да послужи за лечење на фрустрацијата на владината коалиција СДСМ – ДУИ. Тој документ што таму се наоѓа нема никаква правно значење, ниту правна вредност. Тоа е еден лист хартија со четири потточки, нема француски предлог, нема последен предлог, нема модифициран последен предлог. И тоа е една голема лага која што во јавноста Владата се обидува да ја направи и дополнително да ги порализира граѓаните во Македонија. Нема последен предлог, туку има четири условно кажано заклучоци“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во Парламентот требало да се достави Протоколот бидејќи тој е суштината.

„Јас и во моето обраќање денеска кажав и ги повикав пратениците на СДСМ да ја сочуваат својата чест, а не е ова борба за власт, еве нема да бараме предвремени избори и нека седат таму во Парламент“, нагласи Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори само од Владата нека кажат НЕ на последниот предлог, само нека кажат НЕ. Ако им се важни фотелјите, функциите и привилегиите ВМРО-ДПМНЕ ќе се повлече од барањето за предвремени избори.

„Нека излезат со став за поддршка за тоа Бугарите да влезат во Уставот. Да, спомнувавме дека сме подготвени да разговараме, но со одредени гаранции коишто во овој последен предлог не ги има. Затоа што рековме нема билатерални договори, Протоколот не ни е познат. Тоа се се’ работи за кои ВМРО-ДПМНЕ строго се противеше, а се најдени во последниот предлог. Еве нека излезат нека не растураат пердуви нека кажат каде сме дале таква поддршка. Да, сме рекле подготвени сме да разговараме, но доколку од другата страна добиеме соодветни гаранции дека билатералните договори нема да бидат дел од преговарачката рамка и дека Протоколот ќе ни биде даден на увид и дека нема да имаме историја, култура, нема да имаме ревизија на учебници. Ќе зборуваме за владеење на право, борба против корупција и криминал, подобро здравство, подобро образование, појасни Мицкоски.