Мицевски бара од Џафери доследно да се спроведува контролата на Владата, а спикерот од опозицијата да ги преиспита обвинувањата

Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во рамки на 77.седница ги вкрстија ставовите во однос на интерпелацијата што опозициската партија ја поднесе за спикерот. Мицевски, меѓу другото, истакна дека Џафери не треба да бара начини за заобиколување на документите или законите за контрола на Владата и оти во неговиот одговор на интерпелацијата доставен до пратениците и јавноста не дал директни одговори на директни забелешки за неговата работа.

-Најголемата обврска на овие 120 пратеници е контрола на Владата и кога ќе дојде документ за контрола на Вчладата немојте да барате начин како да го изиграте преку процедурите неговото разгледување. Со контрола на Владата ќе биде мирна државата и граѓаните и сите овие скандали и криминали, доколку вие ни дозволите да си ја вршиме работата ќе бидат намалени на пола. Нашата прва и основна работа е контрола на работењето на извршната власт, рече Мицевски.

Џафери, според него, процедурите ги запазувал во својата работа, но, на пример, интерпелациите на ВМРО-ДПМНЕ се ставени на дневен ред но какопоследни точки на дневниот ред и не доаѓаат на ред за разгледување.

-Во овие пет години Собранието е направено во машина за гласање на криминалните зделки на Владата, а вие сето тоа го одобрувате. Поминуваат закони по скратена постапка, поминуваат закони со европски знаменца, дозволувате да поминат одредени работи кои што немаат ниту една допирна точка со сето ова, рече Мицевски. Додаде дека сите пратеници на ВМРО ДПМНЕ ја поднесуваат интерпелацијата, а не партиското седиште, и оти ирелеватно е по каков редослед се потпишани. Обвини дека Џафери не ги почитува уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието. Во однос на наводите на Џафери за извештајот на ревизија рече дека тој нема врска со почитувањето на законите, Уставот и Деловникот. За затворањето на вратите на пленарната седница и одговорот на Џафери, Мицевски рече дека не е точно дека тој сакал да ги преброи пратениците дека тоа го прават службите но не во таа шпостапка и оти тоа е кривилно дело што го направил спикерот велеји дека тоа што е образложено во одоворот не соодветсвува со тоа што се случувало.

Што се однесува до прекршувањата на Кодексот, Мицевски рече дека за жал не успеал првиот обид да се дебатира за прекршување на овој документ.

-Секогаш кога сте фатени во офсајд, ама апсолутно секогаш, се навраќате на датум, состојби со кои сакате да дефокусирате од проблемите кои што вие ги предизвикувате, рече Мицевски.

Многупати, според него, она што било договорено на координации во понеделник наутрпо, не важело до понеделник попладне. Ние сме сега пратеници кои доаѓаат на работа и не можат да ги планираат дневните активности внатре во Собранието, да не зборуваме за средби со граѓани. Сето тоа е поради непочитување на Деловникот, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски се наврати настанот кога Џафери со недолични зборови се обраќаше кон службениците во Собранието, посочувајќи дека тој нема право така да се однесува кон службениците потенцирајчи дека има дисциплински постапки и Собранието има начин за санкционирање на вработените. Тој смета дека Џафери требало да се извини за својата постапка.

Ги повика пратениците од власта да гласаат за интерпелацијата и да ги поддржат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека опозицијата пред да направи нешто треба прво да си погледне во огледало и да се преиспита. Спикерот обвини дека во изминатиот месец опозицијата изнела многу лични навреди кон него, но рече дека тој нема да зборува на тој начин.

-Колку и да зборувате и да делите епитети колку сакате јас нема да се спуштам на ниво на Христијан Мицкоски и да користам епитети. Јас нема да се впуштам на тоа ниво на комуникација на лична основа затоа што на дотичниот како претседател на опозицијата му овозможив во историски момент при ратификација во членство во НАТО да седи токму тука на тоа место, што беше незамисливо во некое време да дојде претседател на опозиција да седи во салата пленарна. По однос на интерпелациите има стенограми и можете да ги погледнете сите и има записници од координациите и што е барано и како е барано, рече Џафери.

Одговарајќи на наводите на Мицевски за непочитување на законите, Уставот и Деловникот, Џафери потсети дека кога сите барале Собранието да продолжи да работи по распуштање тој велел дека не можело што било подоцна потврдено и од Уставниот суд. Тој исто така потсети дека Државниот авод за ревизија на негово барање извршил ревизија на работата на Парламентот и дека нема трошка забелешка по однос на законитоста, освен еден пасус каде сеспоменува дека зградата немала имотен лист.

-Прво што направив побарав да се укине маркица за приватна катна гаража која била планирана да се гради на метар и пол од канцелариите на пратениците, а собранието објектот е од прва категорија за безбедност, рече, меѓу другото, Џафери.

Во однос на службениците, тој рече дека службата има обврска да си ја врши работата како што треба.

-Да, тоа не значи дека и мојот излив дека треба да биде излив, но во таа ситуација која ја создадовте овде и со грешката што беше направена значеше враќање на седницата назад, рече Џафери.

Спикерот истакна дека еден месец слушал што опозоцијата зборувала за него и оти се воздржал да покаже слики од минатите состави и од тогашниот однос.

-Ме обвинувате за затворањето на вратите. Кога ќе цитирате Деловник цитирајте го целосно, рече Џафери, потенцирајќи дека ако ги затворил вратите тоа било затоа што тоа било процедура.

За разлика од некој, посочи тој, „не сум ги отворил вратите за да ги доведам во прашање животите на луѓето“.

-А за тој однос кажиувате на луѓето. И во првата изјава во 2017 година сум кажал дека нема да дозволам да се узурпира оваа институција. Нема да дозволам да се повторат сликите од претходно, рече претседателот на Собранието потсетувајќи на одредени инциденти од 2006 наваму во Собранието.

Во однос на листата на говорници, рече дека го чуди зошто Антонио Милошоски како прв потписник не ја образложува интерпелацијата.

– Затоа што отпосле се дознава што било 27 јуни 2022 година. Извинете браќа не може ниту една процедура овде да се злоупотреби за да се правдате пред други органи и да се избегне правдата. Извинете, а јас сум бил примитивецот, рече Џафери потенцирајќи дека ќе продолжи да ја врѓи работата совесно и согласно процедурите.

За збор се пријавени 41 пратеник, а со седницата претседава потпретседателот Горан Мисовски.

Гласањето по интерпелкацијата треба да се одржи најдоцна пред полноќ. Очекувањата се дека опозоцијата нема да има доволен број пратеници за смена на Џафери.