ПРОМИЦИЈА НА 4 ДЕЛА НА ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА ОД МЕЛБУРН

Во организација на Агенцијата за иселеништво на 13-ти јуни 2022 година, во Друштвото на писателите на Македонија се одржаа промоција на поетските дела: „Неостварена љубов“,  „Магични љубовни зборови“,„Одмрзнати чувства“ и романот „Лавиринт на вистината“ од авторката Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. Промотори на овие дела беа Проф. д-р Васил Тоциновски и поетесата Лилјана Стоилковска.

Во своите излагања промоторире говореја за поетските остварувања на Оливера Јовановска, која е позната како вљубеник во пишаниот македонски збор  во демократска Австралија. Тие потенцираа дека низ сите нејзини песни провејува македонскиот народен дух, а од мотивите доминира, пред се’ љубовта и носталгијата на иселеникот кон родното место и родната Македонија.

Беше речено дека Оливера Јовановска има силна моќ во стиховите во кои доминира љубовта и  поврзаноста со нејзиниот роден град Битола (Маџар маало, Довлеџик, Широк сокак, Саат кула, Пелистер…). Нејзините стихови го повикуваат иселеникот да им се врати во родното место и да се потсети на топлината на незаборавното детство кое таму го поминал. Така,  во песните носталгијата е артикулирана низ директен лирски говор, искрено и отворено.

Професорот д-р Васил Тоциновски и поетесата и познат спикер на Македонското радио -Радио Скопје, Лилјана Стоилковкса посебно говореја за прозното остварување на Оливера Јовановска под наслов „Лавиринт на вистината“. Исто така, тие се осфрнаа и на животот на позната поетеса во иселеништвото  Оливера Јовановска, која  е родена во Битола нa 21 јули 1970 година, а.пред завршувањето на средното образование во 1988 година се иселува во Австралија. Во новата средина  работела во администрација и се здобила со диплома за бизнис менаџмент. Таа е сопруга на познатиот интерпретатор и музичар Љупчо Јовановски – Бубе и е мајка на четири деца. Таа е текстописец на голем број фолк-хитови, а некои од нејзините објавените песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори,

Оливера појавува љубов кон пишаниот збор уште од најмлади години и на единаесетгодишна возраст има објавено песни во „Битолски весноик“ и во други детски списанија. Повеќе пати била наградувана на конкурсот „Прличева награда“ на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

1fus1

Првото дело на Оливера Јовановска е стихозбирката „Неостварена љубов“. Таа е публикација на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј издавач е Душан Ристевски, а рецензент е Александар Донски. Стихозбирката зодржи 46 песни, кои претежно се со носталгична, и патриотска содршина. Доминантен мотив во стихозбирката е љубовта, онаа невозвратената, која впрочем е артикулирана и во самиот наслов на збирката.

Врората стихозбирка го носи името „Магични љубовни зборови“.И на ова дело издавач е Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј издавач е Душан Ристевски, а рецензент е Александар Донски. Ова поетско остварување на Оливера Јовановска содржи 56 песни поделени во три циклуси. Првиот циклус содржи осум песни наменети за вокална интерпретација, односно за фолк композиции. Вториот циклус содржи 28 песни и е посветен на љубовта што жената ја негува кон припадниците на посилниот пол.Третиот циклус, пак, содржи дваесет песни и истиот е посветен на машките љубовни мотиви. Овде доминира воспевањето на женската убавина, како и тагата на невозвратената љубов.

Третата стихозбирка на Оливера Јовановска го носи името  „Омрзнати чувства“ и содржи педесет песни. И ова поетско дело е издание на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј рецензент е Проф. д-р Васил Тоциновски. Во 0ва поетко дело се продолжуваат и доградуваат идеите и идеалите, пораките и поуките на авторовите предходни дела. Притоа стиховите се истовремено текстови и за читање и за пеење. Во делото авторката воспева  повеќе теми и мотиви кои го создаваат мозаикот на човековата егзистенција.

Четвртото дело на Оливера Јовановска е романот под наслов „Лавиринт на вистината“.  И на ова дело издавач е Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а рецензент е Александар Донски. Ова прозно дело беше објавено на македонски јазик во јули 2021 година и поради големата заинтересираност и кавалитетот на романот, авторката одлучи романот да го објави и на англиски јазик за пошироката читателска публика.

Оваа прозно дело е подготвено во време на Ковид пандемијата, кога многу луге во светот ги  загубија животите да ја откријат вистината. Оставија многи неостварени соништа, многу недоречени мисли, без разлика дали се негативни или позитивни.. Во романот главна личност е Ели која изгуби драги особи во борбата на пандемијата. Тие особи беше убаво да прошетаат по Битолската ларшија, на Водно во Скопје и други места. Всушност, романот е испреплетен налик на лавиринт што читателот го тера да го прочита.

Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, која авторката ја следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата партнери патат го наоѓаат секој на свој начин, но децата повеќе не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина, не само во својата душевна надградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината и кога спортуваат ја доживуваат првата љубов…

Романот „Лавиринт на вистината“ претставува интерсно четиво во кое се дефилираат различни карактери кои по различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик. Исто така, во романот „Лавиринт на вистината“.  авторката Оливера Јовановска  ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти.Освен занимливиот и возбудлив карактер нуди и сериозни описи на ликовите, во кои секој читател ќе си го најде своето место.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН