Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова потпишаа договори со унгарската екипа Сиофок. Иако Пенезиќ најави ракометно пензионирање, а за Хмирова не се знаеше каде ќе продолжи, настаните покажаа дека не е баш се така како што најавуваа. Пенезиќ сепак не и оддолеа на примамливата понуда на унгарците.
-Навистина размислував да се откажам од ракометот и да им се посветам на други работи во животот, но понудите кои стигнаа до мене беа навистина одлични. Се решив за Сиофок, бидејќи е блиску до Загреб, а и финансиски беше доста добра нивната понуда. Се ми одговараше-изјави Пенезиќ.
Хмирова по пет години минати во Вардар потпиша на една година.
-Играв во мојот роден град во Русија, потоа поминав пет убави години во Вардар, но сега почнува нова страница во мојот живот. Се надевам дека и во Сиофок ќе бидам така успешна како и во претходните два клуба- изјави Хмирова.
И толку од Вардар. Женскиот ракометен клуб се распадна како и што се содаде, брзо, одеднаш. Лекиќ, Радичевиќ и Цвијиќ потпишаа за ЧСМ Букурешт, Лејно во за Ѓер, Лакрабер во францускиот Флери, а Сара Ристовска оди во Крим.