БОШКО РАЈЧОВСКИ–ПЕЛИСТЕРСКИ : МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН

Пензионирањето за Бошко Рајчовски – Пелистерски значеше нов живот. Една од промените беше тоа што тој живее во летниот период во Детроит, а во зинскиот во Флорида, каде и се задоми. Тргна по патеките на голем број Македонци кои како птици преселници од север се селат на југ, на Флорида. А, таму, во тие прекрасни предели со извонредно добри климатски услови, секој живее и се забавува на свој начин. Но, значајно е тоа што луѓето од север сонуваат да бидар во Флорида во зимскиот период.

Бошко Рајчовски немирува ни на јузните делови во САД. Таму, каде поминува речиси половина време од годината, стана активен член во Македонската православна црква “Свети Димитрија” во Флорида. Таа една од новоформираните духовни храмови на Македонците кои постојано живеат на тие простори, но и на оние кои “како мечките” презимуваат во Флорида. Црквата е центар сите намерници од Северна Америка и претставува идно духовно светиличте и вистинско место за собирање на Македонците.

Во исто време пензионирањето му овозможи на Бошко Рајчовски – Пелистерски почесто да ја посетивапрвата татковина, Македонија. А, притоа, родното место Љубојно никогаш и во ниту еден момент не  го заборави. Тоа му остана во неговот срце. Така, секоја година во Љубојно максимално вклучен во прославата на илинденските свечености, во организирањето на Илинденските средби, манифестација која веќе стекна своја традиција угледни средби, слично како на неговиор другар Владо Пашариковски.

Љубојно и Бошко живеат за Илинден, така често пати велат многумина љубојнчани. Неговото име е тесно поврзано со Илинденските манифестации. Престојувајќи во Љубојно, познатата новинарка и публицист од Скопје, Фиданка Танаскова, долгогодишен новинар на весникот “Нова Македонија” и дописник на македонските радио-програми  во Келн, Германија и Мелбурн, Австралија, го следеше собирот и го објави потоа овој запис.

Еве што новинарката Фиданка Танаскова ќе напиша како дописник на неколку радија во Австралија и САД, за Бошко, за Љубојно, за Бошко и за Илинденските средби:

 1bos1212

„Љубојно, Преспа, Македонија. Пријатна летна августовска квечерина. Празник, Илинденски, световен, општонароден. Илјадници  млади и возрасни, тукашни и гости, дојденци и добронамерници, се изнасобрани среде село, среде чуеното Љубојно, љубовта, вечна Бошкова. Тивко ветре пирка те од кај  ширното Преспанско езеро, те пирка од кај Пелистерот и донесува пријатен  разлад во овој празничен амбиентален незаборавник.

Грмат тапани, ечат камбани. .Врие од народ кому уште на влезот во селото и низ сите сокаци, на  огромни плакати, на македонски и на англиски јазик, домаќините му посакуваат најсрдечно добредојде и секако незаборавен помин и весела дружба.

Растрчаните и вредни домаќини,  организаторите на Илинденските средби во Љубојно, на Илинденските денови на културата, кои неуморно работеа ден и ноќ, најпосле може да здивнат.

На бината се искачува еден од најзафатените, еден од најентузијастите, и полн со идеи, тукародниот а со децении веќе детроитски преселник Бошко Рајчовски – Пелистерски, поет, новинар, активист, бизнисмен, и секако патриот.

Има силна порака во неговиот пригоден, свечарски говор. Има топлина, има радост и тага. Радост за славјата и празниците, за преполното Љубојно кое вечерта делува импозантно, ама има и тага за разделените, за гурбетџиите, за раселените, за опустените домови и празните села. Солзи им се полнат очите на многумина.

Вечерта спроти големиот ден Илинден, на 32 Љубански илинденски средби првоавгустовски, Бошко со одбрани  зборови, со искрена, топла, силна порака, се заблагодарува за присуството на толкуброен народ  негов македенски. Им се заблагодарува на сите кои, ете, дојдоа среде селото, заедно да му се радуваат, да го слават Илинден, да ја увеличат манифестацијата, и да сторат се, таа да остане традиција многу години. А, на  средбата во 2005 година деновите ги збогатија, Ламбе Алебаковски, перспективна ѕвезда од Љубојно, кому му предвидуваат успешна кариера, потоа настапија Татјана Лазарова, Јасмина Мукаетова и шоу менот Гоце Арнаудов пратени од оркестарот “Биоритам”

Вели, Бошко, некогаш вриеше Љубојно. Вриеше и на празник и во делник. Преполни куќи, цветни дворови, натежнати градини,  се белеаја полињата од аргати,  песни ечеа по ливадите, во горите топотеа коњите, момите и ергените беа преубавиот декор на ова наше место. Славја, свадби, крштевки. Собири.   Цркви и манастири, во нив празници незаборавни. Ах, какви времиња беа тоа времиња.

А, сега еве, вечерва, овде, младоста  ќе пее и игра  тука пред вас, ќе рецитира, ќе ве поздравува,а ние ќе се воодушевуваме од виртуозноста  на момчињата и девојките, реч Бошко, и веднаш потоа,  прочита  неколку свои песни. Неговите стихови прозвучија како духовна магија, бидејќи тие се од дното на неговата душа и се сенсовниот мостовник на Љубојно, на Преспа со Детроит, со Мичиген.  Мостовник меѓу неговите две татковини – Македонија и Америка. Во нив има и љубов мајчинска и чемер од проклетите разделби, има и носталгија, и секако   надеж и верба исконски.

Одекна громогласен аплауз. Народот ги препозна во неговите стихови и носталгијата за родниот крај и љубовта за Љубојно и желбата, секогаш кога може и тој и сите наши иселени браќа по рода, да доаѓаат и никогаш ниту тие, ниту нивните потомци да не се ги забораваат корените, домовите, огништата, синорите, татковината и мајковината.

Бошковите стихови допреа до срцата на многумина присутни. Тој навистина умееше вешто сето тоа  да го пренесе и порача. Долго траеја спонтаните аплаузи и извиците – браво  од многу страни.

Кога слезе од сцената, веќе се фокусира да следи дали со приредбата се ќе биде во најдобар ред. И, беше, во најдобар ред. Манифестација за паметење. Па и повеќе од тоа. Младоста таа вечер на Љубојно му дари китка фолклорно македонско богатство.  Од едно грло два гласа, како што тоа сликовито и Бошко го претстави.

Но, секако дека ќе се памети и долгото оро сенародно  среде село извиено и со старо и младо накитено, дури  докај багремите. Еден крај друг играа во македонскиот богат и надалеку чуен ритам и моми и ергени, и невести и младоженци и свекрви и сватови, и тетки и стриковци и баби и мајки и татковци и дедовци. Играа на оро, блиски роднини, пријатели, комшии, соселани, сограѓани, намерници , соборјани, славеници.

Беше крај нив и Бошко Пелистерски,  кој така топло  ја прегрнал својата стара мајчичка, една преубава  домаќинка, горда Преспанка. Веднаш до нив и неговите лични ќерки, специјално дојдени за оваа прилика дури од Детроит.

1bos1213

КУД „Моминок“ од Прилеп во Љубојно

Секој беше дел од  целовитоста, од прекрасната атмосфера која верувам ќе се памети во Љубојно, ќе ја паметат тие кои ја доживеаја и беа дел од неа таа вечер под Пелистерот.  Многумина воздивнуваа гледајќи потаму во овој дел пограничен дел, каде што чиниш дека само рака ако пуштиш, нашата Егејска Македонија со дланка ќе ја доприш, оти е одма тука, близу, а за ж ал е толку далеку и туѓа, ете, одма  зад  шумовитите ридови и долини.

Манифестацијата на преспанските Илинденски средби останува во аналите. Љубојно и љубојнчани се претставија како одлични организатори и домаќини. Придонесот на братот Бошко Рајчовски, беше огромен. И јас како новинар, со задоволство го опишав тоа  што го запаметив , го меморирав од Илинденското чествување, празнично, свето, светло, преубаво,  во нашето, во Преспанското, во македонското Љубојно, една летна  топла вечер,  на  само чекор до славниот  национален ден Илинден, на самиот почеток од новиот, трет милениум “, напиша новинарката Фиданка Танаскова.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН