Илинденоското востание во Пиринска Македонија

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА 

Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ. Тој ден 1903 година избувна Илинденското востание, а на 2 август во 1944 година, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија се конституира во највисоко тело на македонската држава. Илинден 1903 година бил највисок револуционерен врв на борбата што ја водел нашиот народ за ослободување од султанската тиранија. Илинден 1903 година бил преломен чин и патоказ во национално -револуционерната борба на македонскиот народ за слобода и независност.

Некои историчари сметаат дека за македонскиот народ прв Илинден е оној кога Филип Македонски ги поразил елинските племиња во Хиронеја (Хајронеја) во 328 година пред Христа. Но, во новата историја е прифатено дека Илинден 1903 година е првиот македонски Илинден. Тој го навести и АСНОМ-вториот Илинден, што настана во новата достоинствена епоха, затоа што тој ги посочил патиштата за постигнување на високата цел на слободата

Уште пред значајното Илинденското востание во Пиринска Македонија се истакнал како способен      организатор и водач Јане Сандански кој доследно ги спроведувал принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Според историските податоцо, во почетокот на септември, кога востанието во Битолско веќе ја достигнало својата врвна точка, Серската окружна организација одржапа конгрес во Пирин на кој бил изработен план за востание во Серскиот округ. На конгресот, главно, било решено востаничките акции на четите да започнат на Крстовден (27 септември), почнувајќи од јужните реони денес во Егејска Македонија и постепено да се прошируваат и да дејствуваат кон север.

Во востаничките акции учествувале и врховистички чети, но под услов нивните водачи да се потчинуваат на решенијата на Окружниот комитет и да дејствуваат спрема веќе изработениот план. Овие услови врховистичките раководители (генерал Иван Цончев и лолковник А. Јанков) ги прифатиле привидно.

Слоред оваа спогодба, кон почетокот на селтември во денешна Пиринска Македонија дошле околу 400 врховистички четници, на чело со Цончев, Јанков и други офицери од бугарската војска. Врховисти биле упатени само во Серскиот округ, се’ со цел да се дозволи востанието да земе поголеми размери во граничните реони спрема Бугарија.

Во Пирин во одделни околии биле одржани околиски советувања и конференции. Така, конференцијата на најдобро подготвената за востание околија – Разлошката – се одржала во гратчето Банско. На неа присуствувале дваесетина делегати од Разлог – Банско и околните села и бил изработен детален план. За ослободување на Разлог (Мехомија) и за други акции бил избран тричлен реонски (горски) штаб и селски војводи, според бројот на оружените сили по селата и сл.

Меѓутоа, под влијание на генерап Иван Цончев изработениот план за дејствија бил изменет во таа смисла што Штабот и главните востанички сили биле концентрирани не во Пирин, како што било првобитно утврдено, туку во пределите на Рила, во непосредна близина на турско-бугарската граница, Покрај тоа некои договори и акции на дојдените врхоѕисти (на пример да се бомбардира џамијата во селото Бачево) очигледно имале за цел да ги предизвикаат и онака разјарените Турци кон жестоки санкции.

Нападот за ослободувањето на Разлог не ги дал очекуваните резултати. Додека испратената група востаници внатре во градот жестоко се борела, генерал Цончев, кој бил на 6 – 7 километри оддалеченост не тргнал на помош, а неговите две чети, што биле испратени на Предел, за да го спречат доаѓањето на турски засилувања од Горна Џумаја (денешен Благоевград), ги напуштиле позициите и се упатиле со пушки на рамо кон турско-бугарската граница. Потоа истото го сторил и генералот. Тоа им дало можност на Турците жестоко да се пресметаат со мирното население. Во Разлог биле изгорени 95 куќи и истепани 45-луѓе.

Во историските податоци е забележано дека во овој востанички реон најголеми борби се воделе за селото Белица, кое за еден ден и било ослободено. Но, под притисок на аскерот и многубројните башибозучки групи, востаниците го напуштиле селото, а заедно со нив и речиси сето население. Илјадници бегалци од селата се прибрале околу главните востанички сили во Рила и навлегле кон бугарската територија, така што и самите востаници биле принудени со сила да им отворат пат за натаму, напуштајќи ја со тоа и востаничката територија. Според тоа, предизвикувачките и предавнички врховистички акции и оѕверените Турци покренале седум до осум илјади бегалци од Разлошко, а тоа придонело мошне бргу да спласнат востаничките акции.

Меѓутоа, за Илинденскиот период во Пиринска Македонија најзначајна личност е Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот. Тој е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.

Меѓу неговите активности во тој период, треба да се одбележи дека во април 1901 година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци.

Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација, Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но и покрај силниот отпор на Внатрешната организација, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н. Горноџумајско востание.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН