Северна Македонија и Босна и Херцеговина делат заеднички ставови за иднината на регионот, преку заокружување на нашата европска перспектива, како дел од нашето политичко наследство и одговорност, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, по неговата денешна средба во Сараево со претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.
– Исто така ја изразив нашата цврста определба дека Дејтонскиот мировен договор е камен-темелник за мирот и просперитетот на БиХ и на целиот регион, додава Османи во објавата.
Според Османи, Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат блиски и пријателски односи, кои посакуваат дополнително да ги зајакнат во интерес на двете држави и нивните граѓани.