ОБЈАВЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Душан Ристевски : ОБЈАВЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Дијана Јовчевска, го соопштија резултатот од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2021 година што го организира Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

За конкурсот на сите категории пристигнаа 50 дела. Следните дела беа прогласени за најдобри:

Најдобри песни на годината за возрасни:

Прва награда: Патот на сиракот – шифра „Српци“ од Богоја Дамјановски од Мелбурн,

Втора награда: На Дедо Илија – шифра „Вирово“ од Богоја Дамјановски од Мелбурн,

Трета награда: Македонија    – од Ристо Галевски од Сиднеј.

Четврта та награда: Крадец – шифра „Крадец“ од Наум Трајчески од Квинбијан

Пета награда: Григор Прличев – шифра „Лето Господово 2021“ од Наум Пауноски од Квинбијан

Најдобри песни на годината за деца:

Прва награда: Гости од Австралија – шифра „Ѕвездан“ од Велика Гатсис од Квинбијан,

Втора награда: Песна за Гоцевата мајка – шифра „100 год. Конески“ од Дијана Пупалевска-Мицалевска од Мелбурн,

Трета награда: Внуци – шифра „Внуци“ од Ристе Петрески од Квинбијан

Четврта награда: Слобода – шифра „Freedom“ од Сиднеј

Најдобри раскази на годината за возрасни:

Прва награда: Свадба – шифра „Ѕвездан“ од Велика Гатсис од Квинбијан

Втора награда: Ништо не останало тајно – шифра „Тајност“ од Оливера Јовановска од Мелбурн,

Трета награда: Сеќавање на нашето минато – шифра „Копнеж за родниот крај“ од Ѓорѓи Гроздановски од Сиднеј.

Најдобри раскази на годината за деца:

Прва награда: Денес ми е роденден – шифра „Ѕвездан“ од Велика Гатсис од Квинбијан,

Втора награда: Мистериозното куче  –  шифра „Желба за таен агент“ од Христијан Јовановски од Мелбурн.

Наградите на наградените лица ќе им бидат врачени на годишницата на Друштвото, а прво-наградените дела ќе се објават во списанието „Повод“.