ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН
Бошко Рај!овски-Пелистерски е роден на 12 јануари 1945 година, во фамилијата на големото семејство Рајчовци. По Божикот, а во очи на Старата Нова година, мајка му Сандра, на свет го донела нејзиниот со љубов очекуван и дочекан син, малечкиот Бошко. Крај и’ немало на радоста на таткото Мијал и во целото семејство Рајчовци. Брагородната негова мајка Сандра, со сета љубов мајчинска, била горда и пресреќна на својот син, кому кумовите Менка и Спасе Шерденкови, му го даваат името Бошко. Го направиле тој кумски ритуал со многу симболика и древни обичаи, посакувајќи му на крштевката среде зима во селската црква “Св. Јован” да стане и постане гордост Рајчовска, но и преспанска и македонска. Бошко растеше безгрижно. Тој беше многу темпераментен, по многу нешта и се издвојуваше од своите врсници, и се’ некако го интересирале работи од кои понекогаш биле зачудени и неговите родители. Како сите деца во Љубојно, играше мижутур-криенка по селските сокаци, со часови уживаше во цветните ливади или, пак, најсреќен беше кога ќе се далдисал по ширното поле и зелените ливади во “Горни Ливади”. Но, тој постојано ја вртеше главата угоре високата кон сенчестата планина Баба, кон Брајчино, одкаде му беа и корените по мајка му Сандра. Тој чезнееше да оди кон висините одкаде јасно се отцртува езерскиот брег. Често се искачуваше од кај столетните дрва и дебелите сенки, до прекрасните голинки и ширни планински рамници, покриени со висока планинска трева со безброј убави цветови. Притоа, посебен впечаток оставаше планинското цвеќе здравец, кое моше да се најде само на тие јужни македонски простори. Здравецот, симболот на древните Македонци денес мода се најде и во Америка и Австралија, каде македонските доселеници го донеле со себе, како дел од своето битие. Кога потпораснал, Бошко, неброени пати се искачуваше накај густата гора над Љубојно, во “Коријата” на кај “Свети Атанас” и “Свети Петар и Павле”. Мали му беа тие ридови, тесни му беа тие атари, мечтаел да види што ли има отаде таа висока планина, што има отаде границата. Тој не мрднуваше од собата кога се зборувало за Македонците од другата страна на вишната гора во Герман, Раби и понатаму кон Костур, а од таму преку морето во Америка. Сакаше се’ да чуе, иако уште таа детска душа не можеше да ја свати сета тежина, јад и чемер на разделените, на границите, на судбините. Бошко и како ученик во Основното училиште “Димитар Влахов” во Љубојно, беше забележителен меѓу учениците, меѓу младинците. А во тие повоени години во Љубојни, а особено во училиштето вриеше како во кочница, ги имаше со стотици од Љубојно, Брајчино, Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и дури од Сливница. Во тие младешки години, Бошко умееше да се повлече некаде сам низ куќата или дворот и со книгата враце, напросто да ги голта оние бајки и сказни, но и книги од историјата, кои ја развивале богатата детска фантазија. За време на летните ферии, тој им помагаше на родителите, толку колку што сакаше и можеше во полските и во бавчанџиските работи. Секогаш имаше желба да и биде при рака на својата мајка, која со благоста и љубовта неизмерна, секогаш имаше насмевка и топол збор за својот Бошко. А таа пак имаше разбирање, како и таткото Мијал, кога ќе пукнеше жега, да не му бранат на својот син да оди и да се капи и ужива во чистите езерски води на Преспанското Езеро, на плажите вдолж Наколец и Долно Дупени, колку што му беше вољаата негова. И навистина. Бошко со другарите, беше една од главните фраери, како што рече еден негов другар, кога во летните дни, од сабајле до вечера беа крај езерото. Таму на песоклните плажи заедно со неговите врсници и постари правеле лудории во водата. Така, незаборавно ги поминуваше тие години од раната младост Бошко Рајчовски-Пелистерски. Кога дојде времето да го продолжи своето школување, него го влечеше математиката, го влечеа економските науки, како многумина од Љубојно. Така, во учебната 1964/65 година се запиша во Средното економско државно училиште во Битола. Доаѓа во поголем град, и е воодушевен од убавата бабам Битола, од градскиот живот, од киното, од возовите, од животот… Црквата „Света Богородица“ во Битола Се посвети на учењето, бидејќи од него родителите очекуваа да им го обели образот и да биде добар ученик и примерен младинец. Кога се шеташе низ Широк Сокак, многу пати им велеше на своите врсници дека ужива да ја врви ако треба и безброј пати таа единствена по многу нешта, стара улица во центарот на Битола. Додека ја чекорше калдрмата и низ старата битолска чаршија, Бошко во својата младешка фантазија, како да ги гледаше пред себе настаните кои низ вековите го овековечиле овој град во историјата, во паметењето, во цивилизацијата. Како младич понекојпат навечер и дури не му се одеше дома, оти битолското корзо беше толку интересно, што тоа и не го заборавил тој никогаш. Таму се родија и младешките симпатии, таму се разменија и првите срамежливи погледи со девојчињата, таму возрасните беа пример за голобрадите момчиња, таму на Широк Сокак вриело од народ, и била атмосферата како во ретко кој град во земјата. Нему никогаш не му избледнеле спомените доживеани во Битола, градот на конзулите, пајтоните, серенадите, клавирите, љубовта, убавината. Во Битола градот каде Бошко помина дел од својата младост, таму пуштал длабоки корени. А Битола е вториот град по големина во Македонија. До создавањето на македонската држава по Втората светска војна, тој бил развиен политички и културен центар на Македонија, познат како,,градот на конзулите”. Битола се наоѓа меѓу планината Пелистер, Пелагониската рамнина и двата брега на реката Драгор. На неговата јужна периферија се наоѓаат остатоците од градот Хераклеја Линкестис, основан во четвртиот век пред новата ера од македонскиот крал Филип Втори, како важен стратешки пункт. Откако Рим ја освоил Македонија во 148 година пред новата ера, градот Хераклеја Линкестис доживеал извесен просперитет што, пред с#, се должело на изградената магистрала Виа Игнација, која минувала покрај градот. Во ранохристијанскиот период (ИВ век) Хераклеја Линкестис била епископско седиште. Во почетокот на VII век на подрачјето на Битола и Битолско се населило племето Брсјаци и бидејќи Хераклеја веќе не функционирала, тие создале своја населба што ја именувале Битол (БИТО), која Византијците ја нарекувале Бутелион или Пелагонија. Инаку, Битола денес има и развиена традиција во сите области на културата, науката и уметноста. Во градот под Пелистер денес функционира универзитет, театар, еден од најдобрите во Републиката, друштво за наука и уметност, филмска манифестација наречена ,,Манакиеви средби” и други институции. Битола е распространета под Баба Планина, која е заедничка за Битола и Преспа и со Пелистер, кој како природна реткост е ставен под заштита на државата. Посебна реткост е борот молика, кој може да се најде само на оваа планина. Пелистер е познат и по убавите снежни терени погодни за скијање, на кои се изградени жичарници и ски лифтови. Посебна атракција претставува Големото и Малото Езеро, од глацијалниот период, кои се наоѓаат и над Љубојно и Брајчино. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |