ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – АМБАСАДОРОТ НА ФОЛКЛОРОТ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО

Моногравското дело Томов од авторот Славе Катин е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, на 320 страници, а рецензенти се проф.д-р Вера Стојчевска – Антиќ и д-р Криатина Калас. Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден од главните македонски и балкански движечки сили во Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за развојот на непрекинатата страст за народни игри и ора која прогресивно цветаше од едниот до другиот брег на Америка 

Душата на Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” беше Георги (Џорџ)Томов. Тој беше основач, уметнички директор, играорец, организатор и кореограф на ансамблот, но и претседател на Фондацијата за народни игри. Како стручњак за балкански, особено за македонски народни игри, музика и фолклорна култура, тој патувал многу за да држи предавања, да дава стручни часови и да одржува работилници низ целиот свет.

Затоа, Томов се прослави во САД и во странство не само како кореограф на народни игри и како играорец-учител, туку и како вајар чии уметнички дела имаат добиено големо признание од стручњаци и колекционери од САД и од други земји.

Особено, Ѓеорѓи (Џорџ)Томов беше активен член во македонска православна црква „Св. Кирил и Методи“ и, меѓу другото, беше  кореограф на играорна група “Гоце Делчев” која што работи при црква. Долги години ги подготвуваше македонските млади поколенија што се раѓаат во САД.

1zern12

Томов беше еден од првите Македонци кои ги запознаваше американските личности со нашата македонска култура, особено со фолклорот. Всушност, немаше доволно Македонци да ги учи, затоа тој примаше ученици од универзитетати во Њујорк, Колумбија, Њу Џерси Университетите.

Земаше родени Американци и ги учеше оро да играат македонско и песни да пеат македонски. Исто така, во 1980, под негово влијание, македонскиот јазик почна да се изучува во Университетот Њу Џерси како предмет.

Работилниците и стручните часови по музика што Георги (Џорџ) Томов ги одржуваше на универзитетите, во клубовите, училиштата, организациите и играорните групи, му донесоа меѓународни признанија, како и радост на илјадници играорци низ целиот свет.

Бидејќи бешее брилијантен играорец, Георги (Џорџ)Томов, чиј дом беше во Њујорк, беше добредојден во големите главни градови од целиот свет како истакнат ороводач во познатото национално Културно-уметничко друштво “Танец” од Македонија и со “Ладо” од Хрватска.

Георги (Џорџ)Томов  беше човекот кој целиот свој живот го мина во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живееше својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Тој беше неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, вајар, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации.

Со еден збор – успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на Соединетите Американски Држави. Георги (Џорџ)Томов беше едноставен, скромен, човек од народот, достоинствен и горд на древните македонски традиции.

Во 2007 година, во просториите на Домот на армијата на Република Македонија (АРМ), се одржа промоција на монографијата “Томов”, амбасадорот на македонскиот и балканскиот фолклоре во исееништвото

Автор на ова двојазично дело (на македонски и на англиски јазик) е познатиотистражувач на Македонците во дијаспората, новинар и публицист Славе Николовски – Катин, а делото го издаде Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје.

Пред големиот аудиториум во Домот на АРМ, меѓу кои беа поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан, митрополитот Кирил, поранешниот претседател Киро Глигоров и многу други познати личности од јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Книгата ја претставија рецензентот Вера Стојчевска-Антиќ, поранешниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија проф.д-р Димитар Керамитчиев и директорот на националниот ансамбл”Танец” м-р Бошко Тренески. Притоа, извонредниот и незаборавен настап на машката група на играорците на “Танец” со древното оро “Тешкото” беше примен од присутните со возбуда и одушевување.

Монографија “Томов” од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често гонарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и помногу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американски ансамбл”Томов” од Њујорк.

Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд наоколу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите  и вистината за Македонија во САД.

Во исто време монографијата “Томов” претставува овековечување на Фолклорното друштво “Гоце Делчев” што е во состам на Македонската Православна Црква “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен  број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигнувањата на национален план на Македонците во Канада и САД.

Монографијата “Томов” од Славе Катин претставува луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии од кои најголем дел се во боја. Во неа се среќаваат фотографии од времето кога Џорџ Томов бил дете во Струмица, потоа играорец на националните  ансамбли “Танец”од Скопје и “Ладо” од Загреб, до фотографии од многубројните настапи на ансамблот “Томов” и друштвото “Гоце Делчев” во САД, Канада и Европа.

Рецензенти на ова значајно дело се факултетскиот професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ и еден од постојаните членови на ансамблот “Томов”, д-р Кристина Калас. Книгата е објавена двојазично на македонски и на англиски јазик во превод на Соња Прус, а ликовното и графичкото обликување го направи Тони Васиќ. Исто така, во тимот за подготовка на монографијата дадоа придонес Сузана Стојковска, Снежана Велкова, Фиданка Танаскова и други.

1zern1

Женската група на ансамблот „Томов“ 

Монографијата “Томов” од Славе Катин е поделена на пет дела. Во делот насловен како македонско-американско наследство, дадени се материјали за Македонија од времето на Александар Македонски до денес и за активностите на Македонците во Њујорк и Њу Џерси. Потоа, во делот за животниот пат на Ѓорѓи Томов, поместени се репортажи за родниот град Струмица, за Скопје и за Њујорк, а е претставен Џорџ Томов како играорец, кореограф, етнолог, вајар. Посебен простор е даден на материјалите со кои ансамблот “Томов” за настапите е претставен низ страниците на медиумите во целиот свет, почнувајќи од “Њујорк Тајмс” до “Нова Македонија”.

Во петтиот дел во кој е дадено педесет годишното творештво се вели дека скромниот Ѓорѓи Томов, меѓу другото, е добиник на највисокото американско признание: “Елис Ајланд”, награда за ширење на македонската култура и збогатување на американската историја – признание што го добиле американски претседатели, конгресмени, глумци, пеачи, спортисти, уметници и други видни личности во САД, потоа наградата “Обединети нации”, за неговиот придонес за зближување на народите, како и многу други значајни награди, пофалници и признанија за фолклорната ризница на ансамлот “Томов”.

Со излегувањето на монографијата “Томов”, авторот Славе Николовски-Катин успеа да го овековечи познатиот и признат Македонец Ѓорѓи(Џорџ) Томов и неговиот американски ансамбл “Томов” од Њујорк, како и друштвото “Гоце Делчев” од Њу Џерси. Со тоа Катин успеа да оттргне од заборавот една сторија на дел од македонското иселеништво во САД.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН