ЕДМОНД ТЕМЕЛКО – ПРВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Меѓу Македонците во Република Албанија посебно место има името и делото на Едмонд Темелко. Тој e македонски политичар и првиот градоначалник Македонец во Албанија кандидиран од партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“. Тој е е симбол за македонски национален херој кај Македонците во Албанија, кој неуморно се бори за нивните права и интереси.

Потеклото на Едмонд Темелко е од Мала Преспа, географска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро под Албанија, во која има десетина македонски села коишто се организирани во Општината Пустец. Селото Пустец, пак, е најголемата населба, а истовремено е и седиште на општината. Во оваа единствена македонска општина во Албанија, градоначалникот и сите членови на советот се етнички Македонци.

Тоа зборува дека денес Македонците во Албанија имаат далеку поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие се недоволни. А сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, како и на други места и градови ширум Албанија каде живее етничко македонско население. Но немеже да се прави споредба со претераните права што Албанците ги имаат во Република Македонија

Во ова пригода ќе споменам дека Мала Преспа е голем христијански центар. Таму има многу цркви и еден манастир, од различни историски времиња. Многу познати за своите вредности што ги имаат, се пештерските цркви од византискиот и пост-византискиот период, кои се изградени на брегот на Преспанското Езеро.

Меѓу најпознатите се: пештерските цркви “Св.Никола” која се наоѓа на 3.5 км северно од Пустец на местото викано Накол, а која е чуварот и заштитникот на водите, каде се собираат рибарите; црква “Св. Архангел” е недалеку од Пустец, на брегот на Преспанското Езеро, како и црквата “Света Богородица” која се наоѓа на островот Мал Град, која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерни цркви  кои ги има по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Инаку, Едмонд Темелко е роден на 07 јули 1972 година во сето Пустец, во Мала Преспа. Потекнува од македонско христијанско семејство чиј татко беше учител по македонски јазик во Албанија. Едмонд Темелко е ветеринар по струка, градоначалник на Општината Пустец, бранител на македонската вистина и на правата и интересите на Македонците во Албанија Основното и средното образование го завршил во родното место, а дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана, оддел ветеринарство. Покрај политичкиот ангажман, водел и приватен бизнис.

Тој со неговите соработници има тесна соработка со партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“, со седиште во Прилеп, а која што ја води познатиот бизнисмен Ѓорѓија (Џорџ) Атанасоски од Флорида, САД, со „Светскиот македонски конгрес“ чиј претседател е Тодор Петров, ОМО ”Илинден” Пирин од пиринскиот дел на Македонија,, „Виножито“ од егејскиот дел на Македонија и со бројни  други организации, друштва и асоцијации во Република Македонија и ширум светот.

Едмонд Темелко е на чело на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“, која како прва македонска партија во Албанија ги застапува и се бори за македонските интереси и се грижи за положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Оваа партија на македонското малцинство во Албанија е формирана на 30 октомври 2004 година во Тирана,  На 24 април 2009, по 4 години од формирањето на партијата, беше одржан нејзиниот прв конгрес. За нејзин прв лидер беше избран токму Едмонд Темелко.

Едмонд Темелко за првпат на функцијата градоначалник на Општина Пустец е избран 18.февруари  2007 година, а повторно реизбран на изборите во 2011 и 2015 година  година. На сите овие избори, речеси секогаш освојува 75 % од гласовите на излезените гласачи, што покажува колку голем авторитет и почит ужива тој помеѓу своите Македонци во Пустец и другите преспански села.

Селото Пустец, е најголемата населба со неколку илјади жители, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на советот се етнички Македонци. Интересно е да се спомене дека грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, 16-зрачното сонце од Кутлеш (Палатица – Виргина) над кое стои двојазичен натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него и на албански јазик.

Едмонд Темелко изврши трет мандат како градоначалник, а зад себе има многу успеси за унапредувањето на правата на Македонците и македонските интереси во Република Албанија. Имено, негова заслуга е, што за првпат во историјата на оваа соседна земја, со македонски јазик е обележана целокупната сообраќајна сигнализација, улиците, плоштадите, јавните установи и селата во Мала Преспа, со имиња на настани и личности кои оставиле белег во македонската историја. Во сиот тој напредок Едмонд Темелко има голем придонес.

Постојат неколку организирани и активни здруженија и партија на Македонците во Албанија, но можностите за политичка активност се мали, бидејќи државата не дава финансиска поддршка на нивните организации, како во Македонија. Згора на тоа, Република Албанија, татковината на неколку стотици илјади Македонци со христијанска и муслиманска вероисповед, под маската на „пријателството на демократска“ Грција, за жал ја има признато Република Македонија под страмното име.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН