Австриската министерка за ЕУ во посета на Скопје

Сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на земјава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Едштадлер ќе има билатералната средба со нејзиниот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која во фокусот ќе бидат евроинтеграциската перспектива на регионот, односите со Бугарија, како и безбедносната криза.

Во рамки на официјалната посета на Скопје, Едштадлер ќе се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а планирана е и нејзина средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ​