Кина и Северна Македонија во текот на изминатата година, заеднички промовираа размена и меѓусебна доверба. Цврсто верувам дека во постпандемиската ера постои огромен потенцијал на заемно корисна соработка меѓу нашите две земји, изјави амбасадорот на Народна Република Кина во земјава Џанг Ѕуо.
-Кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со тогашниот премиер Заев и лидерите на другите земји од централна и источна Европа, заеднички го поддржуваат успешното отворање на самитот Кина- ЦИЕ. Двете страни работат на идентификување на приоритетните области за соработка, така што прагматичните резултати од самитот можат да бидат од корист за двата наши народи, рече амбасадорот Ѕуо во обраќањето на приемот за медиумите по повод кинескиот пролетен фестивал.
Тој посочи дека онлајн и офлајн размената на сите нивоа меѓу нашите две земји стануваат сè поактивни. Во однос на соработката со Северна Македонија во делот на справувањето со Ковид-пандемијата тој посочи дека надминувајќи ги домашните тешкотии, Кина успеа да донира 100.000 дози вакцини и да обезбеди комерцијална набавка на 700.000 вакцини за Северна Македонија.
-Ефикасноста на кинеските вакцини е призаена на глобално ниво од Светската здравствена организација. Подготвени сме и за поголема соработка со земјата во иднина, порача кинескиот амбасадор Џанг Зуо на новинарско прашање.
Тој се осврна и на растот на трговската размена меѓу двете земји. Според статистичките податоци на кинеските власти, нагласи амбасадорот Џанг Ѕуо, билатералната трговија меѓу Кина и Северна Македонија во 2021 година пораснала за 56,7 проценти на годишно ниво, увозот на Кина од Северна Македонија пораснал за 66,03 проценти на годишно ниво, извозот на Кина во Северна Македонија пораснал за 43,22 проценти на годишно ниво.
Навраќајки се на 2021 година, годината на волот, тој меѓу другото, потсети дека Комунистичката партија на Кина ја прослави својата стогодишнина и го обедини и го предводеше кинескиот народ кон постигнување светски познати достигнувања во развојот на земјата како и подобрувањето на животот на луѓето. Кинескиот БДП порасна за 8,1 отсто и достигна 110 трилиони јуани, а нејзиниот БДП по глава на жител надминува 12.000 американски долари, постигнувајќи ги двојните цели за повисок раст и пониска инфлација. Кина го лансираше роверот Zhurong на Марс, сателитот за набљудување на сонцето Ксихе и основниот модул Тианхе, а Кина е дом и на најголемата светска операција на 5G мрежа.
Под водство на претседателот Кси Џинпинг, додаде, Кина ги обнови дипломатските односи со Никарагва, со што вкупниот број земји кои имаат дипломатски односи со Кина се искачи на 181, а консензусот за една Кина е дополнително консолидиран во меѓународната заедница. Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата за олимписко примирје, ко-спонзорирана од 173 земји-членки на ОН, формирајќи силен моментум на меѓународната заедница за поддршка на Зимските олимписки игри во Пекинг. Кина обезбеди и, нагласи тој, 2 милијарди дози вакцини против Ковид-19 на повеќе од 120 земји и меѓународни организации, со што Кина придонесе за промовирање меѓународна соработка против епидемијата.
– Оваа 2022 година е година на тигарот. КПК ќе го одржи својот 20-ти Национален конгрес, што е важен настан во политичкиот живот на Кина. Во овој момент Зимските олимписки игри во Пекинг се во полн ек, а спортистите ја покажуваат својата борбеност на теренот. Околу 170 официјални претставници од речиси 70 земји и меѓународни организации присуствуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг. Меѓу претставниците се 31 шеф на држава и влада, важни членови на кралските семејства и шефови на меѓународни организации, меѓу кои се рускиот претседател Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Кина му претставува на светот рационализирани, безбедни и прекрасни Олимписки игри, истакна кинескиот амбасадор посочувајќи го и учеството на македонска екипа на Олимпијадата.
Тој се осврнува и на приоритетите на земјата на глобален план.
-На виртуелната сесија на Светскиот економски форум во 2022 година, претседателот Си Џинпинг повика на премостување на јазот во развојот, фокусирајќи се на речиси 800 милиони луѓе кои живеат во глад, и ја истакна важноста од заеднички преточување на Иницијативата за глобален развој во конкретни акции и да се осигураме дека ниту една земја е оставен зад овој процес. Кина цврсто се залага за мир, развој, правичност, правда, демократија и слобода, кои се заеднички вредности на вредности на човештвото. И Кина работи со сите партнери за заеднички да изградат заедница со заедничка иднина за човештвото, нагласи амбасадорот Џанг Ѕуо изразувајќи подготвеност.
Денеска е Фестивалот на фенери во Кина. Во кинеската традиција, крајот на фестивалот на фенерите го означува крајот на прославата на кинеската Нова Година. Оваа година е година на тигарот. Тигарот претставува сила, храброст и бестрашност.