БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил поздравен од гувернерот и делегација од достоинственици кои му донеле подароци, вклучувајќи и дузина индиски слонови. Дел од добиените пари биле пратени во Македонија, да се финансира походот на Антипатер против Спартанците.

Во пролетта 331 година пред Христа, Спартанците формирале една Пелопонеска коалиција и се подготвувале за борба против Македонија. Антипатер, за жал, “до гуша” бил зафатен со задушување на побуните во Тракија и не можел веднаш да одговори на таа спартанска провокација. Спартанците го протолкувале тоа како знак на слабост и започнале да ги напаѓаат градовите лојални на Македонија.

Антипатер брзо завршил со северниот поход и со брз маршов строј тргнал на југ. Кога пристигнал, ги нашол Спартанците и нивните сојузници како го опседнуваат градот Мегалополис во Аркадија, кој останал лојален на Македонија и не сакал да се предаде. Се повела жестока борба во која Антипатер постигнал решителна победа. Моќните Спартанци биле совладани и молеле за мир. Антипатер зел поголем дел од племството како заложници и нивната натамошна судбина и ја предал на Лигата како што претходно Александар направил со Тебанците.

За жал, Лигата од Коринт, гледајќи на ова како на уште еден удар по нивната слобода, немала желба да донесе пресуда и судбината на заробените останала нерешена. Сега останало на Александар да ја утврди нивната казна. Кога тие пристигнале во Азија, Александар одржал судење на кое било решено, оние кои ги предизвикале немирите да бидат погубени, а останатите да бидат ослободени. Сепак, Спарта била присилена да и се придружи на Лигата од Коринт.

Со поразената Спарта, наследството, културата и начинот на живеење на античките градови-држави завршиле засекогаш. Оттогаш па наваму, Македонија владеела со нив со векови, се до римските војни.

Откако го собрал своето богатство, Александар назначил персиски намесник, одговорен за граѓанските должности, и двајца македонски команданти одговорни за трупите и за цитаделите. Додека се’ уште бил во градот Суса, тој, исто така, добил илјада нови, свежи македонски војници за неговиот иден поход.

Откако малку се одморил и релаксирал, Александар повторно тргнал, но овојпат се упатил кон Перс (Персиполис). Но, најпрво, морал да ја помине земјата на Уксите /Uxii/. И додека луѓето од рамнините се покорувале без борба, гораните, врзани за традициите, барале данок за премин преку нивните земји. Секој морал да плати, вклучувајќи го персискиот крал, како и тие пред него.

1sad1

Битка во Суса 

За жал, Александар не бил од таков сој лесно да им попушти на бандити и ограбувачи-мародери. Наместо да им плати данок, тој ја пуштил својата војска по нив. Испратил силен одред зад нивните борбени редови за да им го отсече повлекувањето, додека тој со својата војска ги нападнал одоздола. По кратката битка, Уксијците биле совладани и тие побегнале, но само за да бидат уништени од Македонците кои ги чекале одзади. Сега било ред на Александар да им наметне казна, барајќи од нив годишни даноци од 100 коњи, 500 животни за влечење и 30.000 овци.

Во тој миг, Александар решил да ја подели својата армија на два дела. Парменион отишол со сојузничките сили во Перс (Персиполис).  преку главниот јужен пат, додека Александар, со втората сила, трнал по пократкиот пат до Персиските Порти (Persian Gates)  преку опасните планини. По пет дена брзо марширање, Александар стигнал до преминот, но само за да наиде на сериозен отпор.

Очекувајќи го, Персијците изградиле еден ѕид преку преминот. Голема воена сила ги чекала Македонците да пристигнат. Кога се судриле, Александар иницирал директна опсада, но не можел да ги пробие бариерите. Персијците имале артилерија и стрелци  поставени над ѕидот. Оттаму тие тркалале големи камења и како со дожд ги опсипале Македонците, а од долу ги напаѓале со стрели и копја.

Александар претрпел големи загуби и морал да се повлече. Обесхрабрени поради тешките загуби, офицерите на Александар биле подготвени да се откажат од опсадата, тврдејќи дека било полесно да се оди одоколу, отколку да се изгубат уште повеќе луѓе за да се постигне невозможното. “Невозможното? Не е невозможно,” извикнал Александар. “Толку е лесно што и оној стар овчар онаму може да ви покаже како се прави тоа.

Донесете ми го старецот и ќе ви докажам.” Кога старецот пристигнал, Александар наредил да го испрашаат за локалниот терен. Бидејќи цел живот бил овчар, старецот ја знаел околината како својот џеб, особено премините кои воделе низ опасниот терен. Со релативна леснотија старецот бил во состојба да ја поведе армијата на Александар зад позицијата на Персијците.

Александар оставил силна коњица и два баталјона од фалангата кај влезот на клисурата. За да го измами непријателот во врска со бројот на војниците, Александар им наредил на своите луѓе да запалат нормален број логорски огнови преку ноќ. Потоа, кога ќе биде даден сигналот, тие требало да јуришаат на ѕидот.

Во меѓувреме, Александар повел командоси и јуришни војници по кривулестиот и долг дваесеткилометарски пат. По еден ден и две ноќи патување, стигнал на своето одредиште. Го дал знакот за јуриш в зора и, по крвавиот судир што уследил, персиските сили биле сосема уништени.

Победнички, Александар го продолжил своето патување кон Перс (Персиполис)., но само за да заглиби поради големите снежни наноси, ровови и водени текови. На дел од патот, добил поттик повторно да продолжи кога дошол гласник со вести дека Перс (Персиполис).  бил подготвен да се предаде. Но, ако Александар не побрзал и не стигнел таму на време, жителите ќе го ограбеле неговото богатство.

Александар веднаш дејствувал наредувајќи им на пешадинците да го следат колку што можат побрзо, додека, пак, коњицата полетала со страотна брзина, јавајќи цела ноќ, додека не стигнала до реката Аракс /Araxes/ взори. Немало мост, па затоа неговите инженери бргу изградиле мост од  дрвена граѓа и камења за рекордно време, овозможувајќи и на коњицата да помине преку реката и да продолжи со јавање.

Александар стигнал навреме за да се восхитува на раскошот на персиската култура и да го обезбеди своето богатство. Неговиот поглед во величественоста на градот ја зацврстило реалноста дека персиското владеење завршило. Александар сега бил новиот господар и владетел на Азија кој се зацврстил во Перс (Персиполис).  и лично седнал на престолот на Ксеркс /Xerxes/.

Набрзо откако ја земал контролата врз градот, Александар им наредил на своите трупи до темел да ја изгорат зградата на Ксеркс, како симболичен чин дека сега тој го има постигнато она што си го поставил. Тоа ќе биде чин за кој подоцна ќе зажали.

Додека уште бил во Перс (Персиполис), Александар добил вести за конечната победа на Македонија врз Спартанската коалиција. Александар мора да бил воодушевен од сознанието дека Спартанците, кои некогаш биле моќни и сееле страв, се потчиниле не пред него, туку пред Антипатер кој бил само обичен генерал.

1sad2

Битка во Азија

Немало ништо што можело сега да му застане на патот на Александар. Неговата армија се докажала дека е непобедлива против било кој непријател и доволно ја демонстрирала својата вештина и моќ во секакви видови битки и под секакви, дури и несфатливи околности.

Сега, кога спартанската закана била тргната од патот и кога паднал и последниот бастион на отпорот од градовите-држави, на Александар повеќе не му требало да ги држи воените заложници на градовите-држави. Со многу фанфари, давање подароци и бонус-плаќање, тој ги отпуштил од служба сите војници на Лигата. Тесалиската коњица, која се покажала достојна во битките, богато ја наградил и ја испратил дома.

Оние кои претпочитале да останат во Александровиот строј, биле прифатени како платени наемници, а не како сојузнички војници. Со падот на Спарта, таканаречениот “сојуз”, исто така, завршил, а походите на Александар оттука па натаму ќе ги водат само Македонци. Александар и неговата армија земале долг заслужен одмор во текот на зимските месеци, пред да тргнат во освојување на Екбатана /Ecbatana/, послледниот од главните градови на Персија.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН