ОСВРТ НА АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ ЗА ДЕЛОТО НА КАТИН „МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА“

ШТО РЕКОЈА ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ЗА ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН 

На промоцијата на делото „Македонците во САД и во Канада“ што се одржала на 16 април 2003 година во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Ох­ридски“, во Скопје, свое излагање под наслов „И Катин како Мисирков, предупредува!“ имал академик Блаже Ристовски. Тој во своето излагање го истакнал  следното:

Минатото столетие се карактеризира со големо индиви-дуално и се­мејно раселување на луѓето. Токму Македонија ја снајде судбината да ја за­губи и територијалната и етно-историската целост, да создаде најпосле своја држава на едно делче од својата земја, но како народ Македонците да живеат во мнозинство надвор од сопствената државно-консти­туи­ра­на татковина. Славе Катин како мото на својата најнова книга ги по­ста­вил знаменитите зборови на Џон Кенеди со прашањето: Што сме сто­ри­ле ние за татковината?

За жал, ние направивме огромно многу, и што е уште пожа-лно, и на­­таму ја интен-зивираме таа работа: крвавевме за сопствената сло­бо­­­да, се боревме за својата држава, но дозволивме други да ни ја раководат бор­бата, други да ни ја кројат националната програма, а ние да бидеме са­мо егзеку-тори на сопствената судбина. Кренавме најмногу осло­бо­ди­тел­ни вос­­танија на Балканот, но секогаш со недокрај јасно поставени цели и за­дачи. Нашите водачи се поставија во услуга на туѓи перспективи. Нај­по­сле, време е да си го поставиме нашето огледало пред нас и да по­глед­неме: Каде и зошто сме оделе во новата историја и каде сме стиг­нале?

Се заканивме и годинава да ја одбележиме стогодишнината од ма­кедонската државност, заборавајќи дека во последниве децении нај­све­чено, со сите државни почести прославивме неколку стогодишнини на ма­к­едонската државност! Но, уште не сме кадарни државно да се орга­ни­зи­раме, па само парцијално, одвреме-навреме ќе се појави по некоја (по­ве­ќе лична или институционална) иницијатива со заглушен глас за сто­годишнината. И, пак, недвосмислено, недржавнички, сим­пто­ма­тично ука­жу­вачки.

А токму пред сто години големиот и видовит Ми­сир­ков нѐ пре­ду­преди: Македонци, освестете се и обединете се околу една нацио­нал­на програма, оти инаку нѐ загрозува сигурното раз­гра­бување и уништу­­ва­ње! Ние сѐ уште изгледа не   умеaвме да го слушнеме тој пре­ду­преду­вач­ки глас.

Наши луѓе го помогнаа и го потпишаа делењето на народот и тат­ко­вината. Наши лидери дозволија да бидат водени во судбоносните ис­то­риски моменти. И денеска – наши умови, пак, се ставија во туѓа услуга и во служби на силните на денот со наши (макар и правно неповикани и умствено некомпетентни) раце го потпишаа и го изгласаа раздр­жа­ву­ва­њето на македон-ската држава. Па каде да ги бараме виновниците?

Го но­севме светот со сопственото тело, а ја оставивме разнебитена тат­ко­вината, секојдневно да не се празни и да не се однародува, други сто­пани да не се одомаќинуваат… Ќе даде ли некој конечен отчет и за своето благоутробие?

А Славе Николовски-Катин денеска ни поднесува еден пре­кра­сен регистар на „успесите“ на раселените Македонци во САД и Канада. Овој ­пат не и за оние во Австралија, Нова Зеландија и по цела Европа… И тој, како Мисирков пред сто години, инди-ректно ни укажува: Македонци, свестете се, оти ќе нѐ снема!

Славе Катин ја проследува „иселеничката голгота“ како судбина на Македонија, зборува за историјата, но и за сегашноста, за маке­дон­ското организирање во минатото, но и за она злокобно дезорганизирање денеска, кога туѓи прсти џбуркаат во душите на Македонците и овде и во дијаспората. Катин пишува за македонските цркви и манастири, но и за оние „под туѓа јурисдикција“.

Пишува за успесите на Македонската пра­вославна црква во организација на црковно-духовниот живот на исе­ле­ните Маке-донци, но со директна или индиректна рефлексија на она што ни се случува во Светиклиментовиот храм надвор, ама и овде, дома…  Има ли освестување и осознавање што ни се случува?

Славе Катин не е единствен на ова широко поле. И пред него и со него има и други македонски истражувачи, опишувачи и патриоти што веќе оставиле свој придонес во општата културно-национална историја на Македонците во светот. Но, токму тој Славе Катин, со оние 20-тина нам познати разновидни репрезентативни изданија, веројатно во овој момент е најконти-нуираниот и најсеопфатниот обопштувач на вистинската слика на македонското иселеништво и не само во САД и Канада.

Можеби и други ќе се зафатат така вниматено за да ги проследат и македонските иселеници во Австралија, Нова Зеландија, Европа, но и во Јужна Америка, па и по другите континенти. Светот треба да знае за нас не само овде, во оваа држава што ние со своја крв ја создадовме и сѐ уште  велиме и ја сметаме македонска. Особено со изданија како ова, пара-лелно на ма­ке­дон­ски и на англиски и со многу автентични, главно, колоритни илу­стра­ции. А на задната корица дури и картата на Македонија од март 1913 го­дина од монументалниот национален деец Димитрија Чуповски. Колку за да се знае. Па нека им е честита и оваа историска скица за Маке-донците во САД и Канада на неуморниот Славе Катин и „Македонска искра“ нека бувне во силен пламен за да ја освет-лува вистината за Македонците во светот истакнал академик Блаже Ристовски.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН