Скопје, главниот град на Република Македонија беше градот на младоста на Георги (Џорџ) Томов. Во тие повоени тешки денови семејството Томов се доселило од Струмица во Скопје. Тој учел во средно-техничкото училиште, смер архитектура, во Скопје, кое имало многу напорна наставна програма. Тогаш станал член на “ТАНЕЦ”, на најзначајниот македонски народен фолклорен ансамбл Додека Георги (Џорџ)Томов сеуште бил мал, фамилијата Томови се преселила во Скопје (1944), во најголемиот град во Македонија. Таму се стекнал со основното образование и таму останал за време на II Светска војна. Како дете, Ѓеорѓи обично играл на улица заедно со другите момчиња од маалото. Освен народни игри, тој ги сакал и фудбалот од спортот. Во раните тинејџерски години бил многу талентиран и вешт за класична гимнастика. Во слободно време, вежбал гимнастика и пеел колоратурен тенор во хор. Георги учел во средно-техничкото училиште, смер архитектура, во Скопје, кое имало многу напорна наставна програма. Најголемиот дел од учениците во техничкото училиште биле од семејства од помалите градови и села во Македонија. Тогаш, Георги, како градско момче, ги споделувал заедничките врски со сите негови соученици. Сите сакале да пејат и да танцуваат. Тој се чувствувал како дел од нив. Освен што бил добар танчар и пејач, тој бил и експерт за фудбал. Бил член на Фудбалскиот клуб “Вардар” од Скопје и играч на вториот тим. Сепак, во 1950 година, морал да се откаже од фудбалот поради повреда на ногата. Наскоро, пројавил интерес за Културно-уметничкото друштво “Кочо Рацин”, македонска група за народни игри и ора. Сакал да ги гледа пробите и почувствувал силен поттик да стане дел од групата за орото “Шесторка”. Се осмелувал да каже дека би можел да танцува подобро од некои во групата и бил уверен дека може побрзо да учи. Отишол дури дотаму што се фалел дека може да го стори тоа. Ама и им го покажал тоа и, оттогаш, народните игри и песни го преземаат приматот. Тие него за секогаш го освоиле Георги ги сакал пробите. Настапувал со КУД “Кочо Рацин” три години. Патувал низ целата Република и во другите Републики на Југославија се’ додека не дошло време да го служи воениот рок во Военото училиште за резервни офицери во Задар (Хрватска), каде матурирал во 1954 година. По воениот рок, во 1954 година Томов ја започнал својата кариера во народните игри. Станал член на “ТАНЕЦ”, македонски народен фолклорен ансамбл. Сите членови во “ТАНЕЦ” играле и пееле, но најповеќе македонски. Распоредот за вежбање бил исцрпувачки – четири или пет часа проба секој ден, шест дена во неделата. Георги Томов одел на турнеи во странство, речиси во секоја држава во Европа, а во “ТАНЕЦ” останал се’ до 1963 година. Георги (Џорџ)Томов земал кратко отсуство за да студира и да го усоврши својот талент за вајарство. Овој интерес за уметноста го одвел во Педагошката академија во Скопје, отсек вајарство, каде студирал две години, од 1961 до 1962 година. Тој ги продолжува своите студии по вајарство во Париз, под раководство на реномираниот професор Родригез. Престојувал кај фамилијата на професор Минко, а потоа, кога се случил катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, се вратил во својот роден град за да ги види најблиските, роднините, пријателите. Пред тој катастрофален земјотрес во 1963 година, Скопје бил град на убавината, љубовта и среќен живот. Според пишаните документи Скопје е древен град македонски. Низ него се вкрстувале цивилизации, култури, патишта, карвани, војски и интереси. Тој опстоил на сите ветрометини и денес ширно ем гордо е распослан крај реката Вардар и ја нуди на светот и на посетителот својата долга, бурна, интересна и богата приказна. Скопје бил граден, уриван, поплавуван, пален, но никогаш не уништен. Како птицата феникс секогаш опстојувал под различните називи: Скупи, Скупорум, Скупис, Скопос, Скопиоми, Скопље, Скопје. Тој од памтивека бил и останал на овие простори. Скопската котлина во терцијалната епоха лежела под вода на големото Среднобалканско езеро. Археолошките наоѓалишта во населбата Маџари (куќи, инвентар) или на земјанките и палисадите на крепоста Кале, потврдуваат дека бил населен овој дел на Европа уште од камено доба (раниот неолит), што е некаде пет милениуми пред Христа. Или 4.500 година пред Христа датираат уметничките остатоци кои веке говорат за цивилизациски вредности пронајдени и потврдени кај селото Говрлево. Околу 600 година пред Христа или во почетокот на антиката датираат гратчињата во Нерези и Злокуќани. А во четвртиот век пред Христа Филип Втори Македонски, во рамките на Македонската држава ги имал во своето царство и овие простори нагоре. Секако, големото име од овој македонски дел кое потоа тргнало во светот и освојувал територии до Шпанија, е и царот Јустинијана Прима, Јустинијан Први (482 – 565) кој бил роден во местото Тауресиум, денешното скопско село Таор. Натаму, остатоците од дарданското Скупи, тврдините, вијадуктот, црквите и старите манастири. Сето тоа се дел од богата и долга историја на Скопје. Градот кој лежи на надморска височина од 240 до 350 метри, бил поврзан со Медијана (Ниш) и Дунав на север, со Стоби и Солун надолу кон југот македонски, како и со магистралата кон Јадранското море, Виа Игнациа. Скопје низ вековите доживувало различни развојни циклусни и други периоди. Кога војски низ него поминувале, кога душмани го меркале, кога поплави го сардисале, а земјотреси уривале. Но, секако, и најважното, кога народот најсилен бил, кога правдата и вистината победувале, кога градители го создавале и вишно и ширно распослале. Денес Скопје е убавиот град на двата брега од најголемата македонска река Вардар и е престолнината на Република Македонија. А во ова современо Скопје, каде ли да појдете, каде ли да застаните, од каде ли да го погледнете, се околу вас е еден значаен цивилизациски, историски, културен, архитектонски, духовен колаж, кој македонската престолнина ја вредува меѓу највпечатливите градови во поднебјето на јужна Европа. Ако се рашетате низ Старата чаршија таму ке ви речат дека уште до Втората светска војна имало 1169 дукани. Дека имала цркви, анови, бањи, безистен, џамии… Дека децениите минувале, а скопските занаети го ширеле својот спектар. Дека долго ечеле чеканите и наковалните на ковачите, кујунџиите, самарџиите, металостругарите, златарите.. Дека низ сокаците преку Камениот мост на Вардар повеќе од 500 години минувале и карвани и запреги и кочии и пајтони, а сега катадневно минуваат реки од автомобили и од народ. На плоштадот “Македонија” кој е во срцето на метрополата и кој уште од 1924 година добил калдрма на 1 355 метри квадратни, како стража да му чуваат Ристиќевата палата, Природно научниот музеј, Поштите, ресторани и други интересни стари и нови градби, особено многубројните споменици и нови градби на и околу Плоштадот. Споменикот на Александар во Скопје Штом се изодат првите метри од сокаците на чаршијата по улицата ”Архиепископ Ангелариј” по скалите се излегува на плоштадот пред ѕидовите на црквата ‘Свети Спас во која се наоѓа прекрасниот иконостас изработен во резба. Тајфата на Петре Филиповски Гарката, неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски се тие горостаси кои од 1817 до 1824 одина го оставиле како вистинско ремек дело иконостасот. Во дворот на црквата Свети Спас е и вечното почивалиште на апостолот на македонскиот непокор Гоце Делчев. Во Скопје е и најголемиот соборен храм Свети Климент Охридски, Митрополијата на Македонската православна црква, како и Богословското училиште и Богословскиот факултет. Градот е богат со безброј стари, вредни и непроценливо цркви и манастири. Одозгора како некаков закрилник му е тврдината Кале, а подолу се големите центар и споменици. Скопје има своја Опера и балет, Филхармонија, Македонскиот народен и Драмски театар, го има јадрото на високообразовната пулсација Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” и на научните дострели Македонската академија на науките и уметностите. Главниот македонски град е седиште на Владата, Парламентот, министерствата, амбасадите, има многу хотели, споменици, навистина има толку многу минато и сегашност низ неговите хоризонтали и вертикали. Но, најдобро ќе се почувствува градот на вековите, само ако се дојде и се прошета ова вистинско богатство овој аманет на генерациите. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |