“Светската куќа на фудбалот” (ФИФА) објави дека сите влезници за финалниот натпревар на светското фудбалско првенство во Русија се веќе продадени. Натпреварот ќе се игра на 15. јули, во Москва на стадионот “Лужники” кој собира 81 000 гледачи и според ФИФА билети веќе нема “ниту за лек”. Исто така според официјалните информации од ФИФА, влезници веќе нема ни за првиот натпревар на ова Светско првенство, кој ќе се игра на 16. јуни.
ФИФА изрази огромно задоволство од брзината на продажбата на билетите кои од септември минатата година се пуштени во продажба. Количината на билети за сите натпревари изнесуваше 1 303 616, и најголемиот број се веќе приодадени. До почетокот на натпреварите на ова СП има уште три месеци и ФИФА е сигурна дека сите влезници ќе бидат продадени.
Исто така “светската куќа на фудбалот” ги потсети навивачите дека според барањето на организаторот, секој навивач ќе мора да има навивачка лична карта, што ќе биде основен документ за идентификација.