ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛАТА НА РИСТО СТЕФОВ И СЛАВЕ КАТИН

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада. 

Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Инаку, неговото родно живописното селото Ошчима е сместено меѓу градовите Лерин и Костур блиску до изворот на реката Бистрица во северо-источниот дел на Егејска Македонија. Селото се наоѓа на околу илјада метри надморска височина, помеѓу планините Бигла на север, планината Гомнуш на исток и планините Локма и Боданца на запад.

Од ова чисто македонско село има голем број познати личности во Република Македонија и особено во Канада. Во селото Ошчима кое има своја судбина и своја историја се смета дека првите жители се доселиле од други делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо слото, но првите информации за најстарите фамилии се од 18 век. До почетокот на 19 век три-четириесет фамилии живееа во Ошчима, чиј број на жители бил околу двеста.

Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, во 2008, на 505 страници, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

1ka1213

За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија.

Славе Катин како публицист е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии на македонски и на англиски јазик за познати личности во дијаспората и Република Македонија, а седум дела се лексикогравски изданија. Исто така, Катин е автор на над стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот.

Посебно место за Македонците во САД и Канада има делото на Славе Катин  „Македонците во САД и Канада“,  „Македонска искра“ – Скопје, 2002, 1-382, на македонски и англиски јазик. Таа претставува значаен придонес во проширувањето на сознанијата за македонското иселеништво во Северна Америка. Во неа е дадено духовното, црковното, националното, општественото и културно-обра­зовното живеење на Македонците. Посебен акцент е ставен на црковното живеење на македонските доселеници од нивното доаѓање до денес. А, нивниот развоен пат во САД и Канада се совпаѓа со судбината и развојот на настаните на Балканот, особено со собитијата околу Македонија.

Во овој историски преглед е направен обид за периодизација на цело­купното живеење на македонските доселеници. Посебна нагласка и простор е посветен на македонските православни цркви и манастири на северноамериканскиот континент. Со тоа се настојува да се осветли историскиот и раз­вој­ниот пат на македонските православни црковни општини, на инфор­ма­тивните гласила, организациите, друштвата и другите асоцијации на Ма­ке­донците на тие простори. Поточно, да се посочи она место на македон­ската црковно-национална историја, за кое се избирале самите македонски доселеници.

Трудот го опфаќа периодот од доаѓањето на доселениците во новите сре­­­дини до денес, што претставува макотрпна, но и одговорна самоини­ци­јатив­ност да се создаде таква публикација. Таа го одбележува најважниот период на македонските православни црковни општини и активностите на маке­дон­ските доселеници во новите средини, а со тоа ја отсликува ма­ке­донската вистина.

Во делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, пак, се вели дека уште од почетокот, грчката, бугарската и српската држава, а во помал степен и албанската, систематски ги користат сите можни средства, вклучувајќи пропагандна војна, за да го негираат постоењето на македонската нација. Тие го прават ова не поради тоа што Македонците не постојат, туку за да ги узурупираат целосно македонските територии и богатото македонско наследство.

Наjантимакедонската организациjа која испливала на површината од сите грчки здружениjа, е Пан-македонската асоциjациjа, која има за цел не само да јa подели македонската нациjа, туку и да уништи се што е македонско. Дo денес, оваа организациjа ги демне слабите, невините, наивните и оние кои можат да бидат купени и продолжува да шири омраза и лаги во cекоја прилика. Пан-македонската асоциjациjа е “фалсификат организациjа”, целосно финансирана од грчките даночни обврзници, а повеќето од нив не се свесни за неjзината дискриминаторна постапки и за недоразбирањата кои таа ги создава меѓу грчките сограѓани.

Покраj ширењето антимакедонска пропаганда и лобирањето за “грчката кауза”, многу од овие таканаречени “грчко-македонски” организации ги шпиунираат македонските организации и поединци, поднесувајќи извештаи за нивните активности до грчките власти. На многу активисти и поддржувачи на македонската кауза, кои иако се грчки државjани, им е забрането да се вратат во Грциjа. Нивната кауза е благодарна ако им служат на Грците на своја сметка, но штом ќe направат обид да им служат на своите сопствени интереси, тие веднаш стануваат предавници.

1ka1214Пред споменикот на прогонетите деца-бегалци во Скопје

На Македонците не им е дозволен влез во Грциjа на граничните премини без никакво обjаснување. Без согласност, на нивните пасоши со печат им се пишува “vоid”, односно “поништено” и им ги фрлаат назад. Тоа исто им го прават на поединци со странски пасоши, без да јa почитуваат своината на странската држава.

Откако со години живеел во Австралиjа, еден нашинец решил да јa поcети Република Македонија. По влегувањето, во неговиот пасош бил ставен убав црвен симбол, вистинско богатство кое го направило многу горд и среќен. Неговата посета во Македониjа била толку прекрасна, што решил да премине во Грциjа за да го посети Неред, селото каде што бил роден.

За жал, грчките цариници не му дозволиле да влезе. Она што е најневеројатно е што грчкиот службеник го земал австралискиот пасош на човекот без негова согласност и низ целиот пасош удрил печат “поништено”. Буквално го уништил македонскиот симбол со тоа што многупати испечатил “ поништено” врз знакот додека тој повеќе не можел да се препознае. Никакво обjаснување ниту извинување не било дадено.

Македонските деца-бегалци сакаат да јa искажат својата благодарност кон државите и луѓето кои им ги отвориле своите врати во време кога тоа им било наjпотребно. Тие не ги третирале како туѓинци или емигранти, туку како еднакви на себе. Тие, исто така, сакаат да искажат голема благодарност кон државите и луѓето кои им дале можност за слободно образование во нивните институции.

Само преку нивната дарежливост, подалеку од грчката пристрасност, македонските деца навистина се докажале дека се еднакви на сите деца во светот. Ослободени од грчкото угнетување, тие се надминале себеси и се истакнале со образование и талент, станувајќи професори, доктори, инженери, поети, драмски писатели, композитори, економисти итн.

Наjголемиот дел од децата-бегалци денес живеат во диjаспората. Голем дел од нив емигрирале во Канада, САД, Австралиjа и во Република Македониjа. Некои останале во нивните земjи-домаќини (Полска, Чешка, Словачка, Унгариjа Романиjа, Германиjа и Русиjа) и таму си основале свои домови.

Тие одржуваат контакти меѓу себе преку здружениjа и клубови, и одвреме-на-време се состануваат, обидуваjќи се да добиjат одобрение за влез за да си јa посетат нивната татковина. За жал, до денес не успеале во тоа. Грција, по педесет и пет години се уште не ги сака, дури ниту да јa посетат.

Крај

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН