НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАБОРАВИМЕ НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ
Во многу документи е запошано дека во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е во светот да се најде друг народ кој имал и толку бурна историја. Затоа често се вели дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина
Македонскиот народ на Балканот на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика “Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И ако токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара цивилизација.
Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстој, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската империја, Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја етничка Македонија.
Затоа, нашата порака е дека никогаш не треба да ги заборавиме нашите македонски корени, кои сме и од каде сме дошле, и секогаш да живееме со надеж и да знаеме дека ќе имаме подобро утре. Тоа го велиме бидејќи Македонија е нашата родна земја. Таа е нашата дедовска земја чија географската положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаиЗатоа се вели дека Македонија е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец.
Не случајно на многу трговци и каравани тука им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многувековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. И денес Македонија се’ уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.
Карта на Македонската Империја на Александар Македонски
За судбината и историскиот развој на Македонија, од античко време до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.
Таа е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела во Егејска Македонија – престолнина на Античкото македонско царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на Вардар. Но, со проширувањето на границите на Македонското царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред с#, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење.
Географската положба на Македонија ја прави земјата да биде крстосница помеѓу Истокот и Западот. Поради тоа, не случајно, сите воени и разни други експедиции морале да минат преку неа, како и трговските врски, се разбира, заедно со различните култури и влијанија. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија, која и денес се’ уште во себе крие многу тајни од минатото.
Инаку, Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на Реката Места, Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јанбланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западндите делови на планината Родопи. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри, од кои Република Македонија денес зафаќа 75.441 квадратни километри, егејски дел на Македонија зафаќа 34.153 и пиринскиот дел зафаќа 8.147 квадратни километри.
Почнувајќи од IV век па наваму кристијанството преовладува како религија на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископални катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток до денес.
Во последните неколку децении, Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) била, е и веројатно, ќе биде цел на дискусии, полемики, расправии, па и напади на црковните институции на соседните земји и пошироко, коишто настојуваат да го спречат и одолжат нејзиното влегување во семејството на рамноправните црковни организации во православието. Притоа, се чинат обиди да се оспорат и историските канонски темели на целокупниот живот на Македонската православна црква.
Втората светска војна овозможи Македонците да се здобијат со суверена држава, со национални институции и културна комуникација со светот. Македонскиот јазик стана официјален јазик на Република Македонија, познат и признат во светски рамки. Се изучува на многу универзитети во светот и придонесува за ширење на вредностите на македонската култура и нивно вклучување во ризницата на светската култура.
Факт е дека денес, и по меѓународното признавање на Република Македонија и нејзиното зачленување во Организацијата на Обединетите нации, и натаму се негира автокефалноста на Македонската православна црква.
Во притисоците, изолацијата и негирањето на Македонската православна црква и на нејзиното легитимно постоење, е ангажиран голем дел од пропагандната и медиска машинерија, која има за цел да ги искривува и премолчува историските факти од минатото и од сегашноста, а тоа се прави со намера да се доведат во прашање основните обележја на православниот македонски народ, неговиот црковен организам и неговата вистина, како народ кој постои со векови, го чува православието да има самостојна, суверена и независна држава – Република Македонија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН