Бранко Ристовски (Грежловски) од Љубојно, Преспа кој долги години живее во Детроит и Флорида во Соединетите Американски Држави, во исповедта во скромното издание за дедо му Ефтим Ристов Гржлов, чиј уредник и издавач е неговиот братучет Славе Катин (Грежловски), ја претставува песната посветена аа дедо му Ефтим
ТАМУ ДОЛУ ВО ЉУБОЈНО
Таму долу во Љубојно
kај што Стара Река тече
таму има две планини – две убавини
таму има две планини – две убавини.
На источната страна
kај што Сонцето изгрева
Пелистер се радува
и радост, среќа донесува
Пелистер се радува
и радост, среќа донесува.
На западната страна
кај што Сонцето заоѓа
Галичица се нажалува
и жални вести донесува
Галичица се нажалува
и жални вести донесува.
Измеѓу двете планини
во местото „Колибите“
јунак силен се бори со арамиите
Ефтим Грежлов се бори со арамиите.
Пиштоли се испукаа
тој убива еден
но другите двајца
смртно го погодија
но другите двајца
смртно го погодија.
Жална вест се слушна
долу в село Љубојно
Ефтим Грежлов е убиен
горе в „Колибите“
Ефтим Грежлов е убиен од арамиите
Ефтим Грежлов е убиен од арамиите.
Жена му одма истрча
својот маж да го види
својот маж да го види
и да го прегрне
својот маж да го види
и да го прегрне.
Стани, стани Ефтиме
мој домаkине
деца ми те чекаат
и друго да видиш
деца ми те бараат
и друго да видиш
(Народна песна)
Куќата на Бранко во Детроит
Крај
Пишуваат:
Бранко Ристовски
(Грежловски)
Славе Катин
(Грежловски)