ПУБЛИКАЦИЈА ЗА СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО СВЕТОТ

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

За егзодусот на Македонците, расеани на сите континенти по светот и нив­ната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален иденти­тет се напишани голем број текстови и дела во Македонија и во македонското иселеништво. Сите тие документи се дел од историјата и судбината на Македонците од етничка Македонија.

Дел од таа документација за егзодусот Славе Катин зборува во публикацијата Македонски иселенички паноптикум.Тоа е издание на Друштвото за наука и уметност од Битола, отпечатено во 1996 година, на 296 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф. д-р Петре Георгиевски. Негова преокупација се пул­са­­ции­те на нивниот ангажман во изградбата на новата и одржување­то на врските со старата татковина, со што во иселеничката галаксија вгра­дува нови и привлечни соѕвездија, со кои е автентичен и препознат­­лив, не само на нашите, туку и на други меѓународни простори, на кои, не слу­­­чај­но, е се’ почесто присутен.

Во овој труд, низ прилозите кои својата прва промоција ја имаа на бројни симпозиуми, конференции и трибини во земјата и светот, Славе Николовски – Катин открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивно брзо адаптирање и интегрирање во новата средина (радикално поинаква во секој поглед); изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски и социјални процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Авторот на оваа книга, во секој случај, нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на миграционите процеси меѓу Македонците, за едно подлабоко проучување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значења и суштина, сé повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Македонија како самостојна и независна држава, како рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со својата историја и култура, без чии вредности не може ни да се замисли ризницата на светската култура.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин или на јазикот на кој зборува мнозинскиот народ. А, се пласираат и афирмираат низ сопствените печатени или електронски медиуми и воопшто низ повеќе насочената комуникација, која сé поинтензивно се остварува меѓу деловите на македонскиот народ во светот со нивната матична држава – Република Македонија.

Во „Македонскиот исе­­­ленички паноптикум, Славе Катин, низ сите аспекти, тоа евидентно го по­ка­­жува и докажува, откривајќи низа значајни визури од животот и деј­ству­­вањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на економските и културните процеси во тие држави, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Причините за тоа, не се само во ди­стан­цата од родниот крај или во носталгијата за него, туку и во чувството за припадност на една стара етничка заедница, чиј опстанок зависел и за­виси од функционирањето на законитостите релевантни за „осво­ју­вање“ на просторот во рамките на други планетарни простори и цивилизации.

На промоцијата во Друштвото за наука и уметност во Битола, д-р Трај­ко Огненовски истакна: Македонскиот иселенички паноп­ти­кум на Катин нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на ми­гра­цио­ните процеси меѓу Македонците. Таа е книга за едно пофундирано проу­чување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значење и суштина, се’ повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Ма­ке­донија, како независна држава и рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со своја историја и култура, без чии вредности не може да се замисли ризницата на свет­ската култура.

 

Исто така, на Печалбарските средби во Вевчани, на 14 јануари 1997 го­дина, беше промовирана книгата „Македонски иселенички паноп­ти­кум“. Ова дело на Славе Катин го претставија м-р Ѓорѓи Лумбуровски, прет­се­да­тел на Друш­твото за наука и уметност од Битола и д-р Вера Стој­чев­ска – Антиќ, кои го привлекоа вниманието на преку 500 присутни на овој свечен чин во „Вевчанската Република“.

Книгата „Македонски иселенички паноптикум“ на Славе Николовски – Катин е дело кое заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од пошироката научно – културна јавност, а и од секој Македонец во татковината или во дијаспората. Во овој мига и во иднина, трудот ќе претставува значајна и своевидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН