Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугославиjа и Бугариjа. Оние Албанци од Епир на кои им се верувало, биле донесени во Македониjа и “посеани” во сите села покраj границата да деjствуваат како очи и уши за Грците. Грчките власти станале построги кон остатокот од населението и никому не му било дозволено да патува без дозвола.
На сила стапиле стриктни правила на однесување, вклучуваjќи и полициски час. Секој што ќe биде фатен како шета надвор по заjдисонце бил застрелуван на лице место. Многу овчари јa напуштиле својата работа од страв да не бидат убиени и ги оставале своите овци да живеат беспомошно.
Едно мало момченце имало караница со својот очув и побегнало. Властите воопшто немале никаква сомилост и не дозволувале семејството да го бара. Мајката и сестрата сепак излегле да го бараат и го вратиле дома безбедно, ставајќи ги на голем ризик своите животи.
Кога насилството во Грциjа опаднало, родителите и роднините почнале да се распрашуваат за репатриjациjа на децата. На оние кои покажале извесна лоjалност кон грчката кауза, им било речено дека на нивните деца ќе им биде дозволено да се вратат ако за тоа даде декрет грчката кралица Фредерика.
За жал, за овој пороцес биле потребни врски со локалните грчки власти и многу пари, пари кои повеќето Македонци ги немале. Оние кои биле земени предвид за репатријациjа морале да исполнат броjни услови, вклучувајќи јa и спремноста да прифатат перманентна хеленизациjа. Децата од партизанските семејства автоматски биле дисквалификувани.
Оние кои не биле волни да ги променат своите имиња или кои не биле земени предвид од некоја причина, исто така, биле дисквалификувани. Како што поминувале годините, на се помал броj деца им било дозволено да се вратат, и барањата за репатриjациjа продолжиле да бидат игнорирани. Родителите и роднините умирале, а сепак на нивните деца не им било дозволено да се вратат, дури ниту само за да ги посетат.
Варшава
Откако ограничувањата за патување во земjите зад “железната завеса” биле укинати, родителите, наспроти големите трошоци, староста и лошото здравjе, тргнале на пат да си ги бараат своите деца. Една жена, на смртна постела го натерала сопругот да и’ вети дека пред да умре тој ќe оди да јa посети нивната ќерка во Полска.
Чувствуваjќи дека и тој наскоро ќе умре, мажот, кој бил со нарушено здравjе, тргнал на долгиот пат и по триесет години раздвоеност за првпат јa видел ќерка си. Таа никогаш нема да јa заборави татковата жртва.
Друга жена, која дозволила сите наjзини четири деца (два сина и две ќерки) да заминат во текот на ужасната евакуациjа во мај 1948 година, исто така, тргнала на пат во Полска да ги види за последен пат. Жената била осакатена од рана здобиена во војната и едваj одела, но знаела дека наскоро ќe умре и сакала да си ги види децата за последен пат.
Патувала во воз и наспроти здравствената состоjба успеала да стигне во Полска во добро расположение. Кога пристигнала, две од неjзините деца, син и ќерка, дошле да јa пречекаат. Ќерката јa препознала својата мајка и по долга и емотивна прегратка јa прашала дали знае која од двете ќерки е таа.
Мајката не можела да одговори бидеjќи не знаела, а не сакала ниту да погреши. Тоа толку јa вознемирило возрасната ќерка, што почнала неконтролирано да плаче. Мајката го препознала сина си и го повикала по име, но не можела да одговори на молбите на ќерка си. По извесно време, таа конечно ја пpепознала ќерка си и ги избришала солзите и со широка насмевка гласно гo изговорила неjзиното име.
Тоа било толку емотивно, но сепак среќно се завршило за тоа семејство. За жал, на секој среќен крај има дузина тажни Една стара брачна двоjка немала ниту доволно пари, ниту сила да тргне на пат да си ги посети децата. Поради тоа, и дваjцата умреле со скршени cpца и со неисполнета желба да си ги видат наjмилите.
Многумина од оние кои ги интервjуиравме, не знаат зошто грчките власти не им дозволуваат на децата да се вратат. Наспроти молбите, дури и врз хуманитарни односи, грчките власти, децениjа по децениjа, влада по влада, јa одржуваат истата политика и не им дозволуваат на македонските деца-бегалци да се вратат дома.
Прага
Откако војната завршила и сите преостанати партизани биле фатени или убиени, на оние кои биле евакуирани од грчките власти полека им дозволувале да си одат дома во нивните села. Додека многумина со вратиле во своите стари домови, неколку семејства решиле новото село да им биде нивен дом. Некои останале без земjоделските орудиjа, алатки, добиток и личните предмети, билеjќи биле опљачкани.
За наjголемиот дел, животот требало да им почне од почеток. Како што тензиите се намалувале, така оние кои биле затворени во концентрационите логори биле ослободувани и почнале да пристигнуваат дома, но само за да откријат дека останале без имотот. Грчките власти, освен што ги конфискувале имотите на многумина од оние што побегнале како бегалци во текот на масовниот егзодус од 1949 година, исто така, им ги конфискувале и имотите и на оние кои биле држени во концентрационите логори.
Со време, луѓето се деморализирале и живееле во постоjан страв од властите и од одмаздата на нивните соработници. Имало извесна дамка прикачена за роднините на партизаните или нивните следбеници што довело тие да се повлечат од општеството и да се дружат меѓусебно.
Оние кои отслужиле казни во концентрационите логори постоjано биле вознемирувани со полициски час, ограничено движење и осомничени за шпионажа. Многумина биле следени од полицаjци во цивилка и под притисок да станат поткажувачи, или да ги шпионираат своите соседи. На странците се гледало со сомневање и автомаски биле сметани дека се странски шпиони.
Продолжува
Пишуваат:
РИСТО СТЕФОВ И
СЛАВЕ КАТИН