ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДО ВРЕМЕТО НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ

За жал, она што од Атина било сметано за фер, очигледно било сметано за нефер од Теба и проблемите почнале да се трупаат. За да се извлече од сето тоа, Филип му се обратил на Амфиктинскиот совет и побарал од неговите членови со гласање да ја исклучат од членство групата бунтовници и истата да ја заменат со македонскиот крал.

Со тој генијален потег, Филип ја одбегнал блиската војна со Атина, му ставил крај на бунтот во Делфи, го спасил Амфиктини, спречил војна со Теба, напрабил сојуз со Атина, а станал и член на Амфиктинската лига со право на глас. Тоа, навистина, била дипломатска победа, достојна за македонскиот крал.

Антагонистите на Филип, за жал, со сомнение гледале на она што било добро за Македонија. Тука спаѓал и големот атински оратор Демостен. Во 351 година пред Христа, Демостен ја одржал првата филипика, серија говори со кои ги предупредувал градовите-држави во врска со македонската закана по нивната слобода. Неговата втора филипика била одржана во 344 година пред Христа, а третата во 341 година пред Христа, а неговите три олинтиаки во 349 година пред Христа и сите биле насочени кон поттикнување на Атина и на другите против Филип.

Најпозната беседа на Демостен биле третите филипики во кои се зборува дека Филип “не само што не е Грк, ниту, пак, е поврзан со Грците, не е дури ни варварин од било кое место што може да се именува со почести, туку тој е никаквец од Македонија, заразен од чума, каде никогаш и не било можно да се купи пристоен роб” (од третата филипика, 31). Ова се зборовите што го рефлектираат фактот дека античките градови-држави ги сметале античките Македонци како “опасни соседи”, но никогаш како сродство.

Наспроти Демостеновата критика и одржливиот мир, барем тогаш, Филип бил слободен да се врати во Македонија бидејќи имал рамноправно седиште во Советот на власт. Поголемиот дел од 345 година пред Христа, Филип ја поминал водејќи ја својата армија против Илирите, Дарданците и Тракијците и обично угушувајќи буни. Во 344 година пред Христа, Тесалијците се побуниле, но лесно биле скршени. Во 342 година пред Христа, Филип вмарширал во Епир и го заменил кралот Арибас /Arybbas/ со неговиот млад штитеник и зет Александар (Амакс) /Amaxis/.

1fil1312

Чувствувајќи се поголемо незадоволство кај Атињаните, Филип проценил дека е прашање на време кога ќе избие војна меѓу Македонија и Атина, особено откако Атина го изменила и дополнила Македонско-атинскиот мировен договор, надеваќи се дека тој ќе биде неприфатлив за Филип.

Решен да привлече колку што е можно повеќе градови-држави на своја страна, Филип продолжил да прави сојузи со помалите градови. Бил решен да ги привлече градовите кои биле непријателски расположени кон многу помоќните држави, со надеж да ги подели и да ги ослаби.

До 340 година пред Христа со Атина било стасано до точката од која веќе немало враќање, кога Филип веќе не можел да им угодува на атинските барања за да го одржи мировниот договор, особено откако Атина ги спонзорирала антимакедонските буни во северен Егеј /in the northern Aegean/.

Како одмазда за ова последно предавство на Атина, во 340 година пред Христа, додека бил во поход против внатрешните буни на исток, Филип заробил една мала флота на Атина. Тоа била последната капка за Атина и под лично водство на Демостен, Атињаните ги убедиле Тебанците заеднички да и објават војна на Македонија. Послабите држави, немајќи голем избор по ова прашање, исто така, и се придружиле на декларацијата. Она што Филип се обидувал да го одбегне по секоја цена, сега било неизбежно.

Пред да може да им удоволи на своите соседи на југ, Филип морал да заврши некои работи на север. Брзо составил голема војска и вмарширал длабоко во тракиската територија па до 339 година пред Христа го освоил поголемиот дел на Тракија. За жал, не бил во состојба да ги потчини градовите на источниот брег, Византија /Byzantium/ и Перинт /Perinthus/, кои ги издржале дури и неговите најжестоки опсади.

Било јасно дека ниту еден од тие градови немало да опстанат ако не била помошта од јужните градови-држави и од Персијците. Иронично, иако Персија, повеќе од еден век била најомразена држава, дури и тогаш градовите-држави застанале на страната на Персијците против Македонците.

Реагирајќи на еден скитијски предизвик, Филип ги напуштил опсадите на источните градови и, во пролетта 339 година пред Христа ги повел своите Македонци подалеку од Тракија. Таму, во близина на реката Дунав, се судрил со Скитијците и постигнал фрапантна победа, крунисана само со смртта на Ареас, скитскиот крал. За жал, при враќањето дома, конвојот на Филип бил нападнат и неговиот плен бил земен од тракиските Трибалци /Triballians/. За време на спорадичните борби, Филип бил сериозно ранет во ногата, што довело да биде осакатен за цел живот. Откако се вратил дома, закрепнувал неколку месеци.

Додека Филип закрепнувал, градовите-држави на југ правеле сојузи и натрупувале голема армија за да извршат инвазија на Македонија. Кога слушнал за тоа, Филип решил дека дошло време директно да се соочи со таа агресија и со тоа предавство да заврши еднаш засекогаш. На 2 август 338 година пред Христа, во долината на плитката река Цефис /Cephisus/, во близина на селото Херонеја /Chaeronea/ на патот кон Теба, двете спротивставени армии се судриле лице в лице.

На северната страна биле Македонците на Филип, кои броеле 30.000 пешадинци и 2.000 коњаници, најголемата армија која било кога била собрана. Меѓу генералите команданти на Филип бил и неговиот 18-годишен син Александар, кој бил одговорен за коњицата. На јужната страна биле здружените Атињани, Тебанци и Ахејци, кои собрале 35.000 пешадинци и 2.000 коњаници, најголема војска што била собрана од инвазијата на Персија.

Речиси изедначени, војските се судриле и, додека битката се разгорувала, македонското десно крило прибегнало кон повлекување. Кога виделе дека Македонците се ослабени, сојузничкиот генерал дал наредба да притиснат, да ги одбијат Македонците и да ги принудат да се вратат во Македонија. Како што Македонците се повлекувале, така сојузничките крила ги растуриле своите воени редови и го започнале гонењето.

Не сфаќајќи дека тоа било трик, сојузниците се нашле опколени и биле заклани од коњицата на Александар. Кога се било завршено, најголемиот дел од  сојузничката војска, вклучувајќи ја и тебанската Тајна група, лежеле мртви на полињата на Херонеја. Филип подигнал статуа на лав за да го прослави споменот на жртвата на тебанската Тајна група, која ја потврдила нивната традиција и се бореле до последниот човек.

Античките градови-држави и римските историчари битката кај Херонеја ја сметаат како крај на слободата, историјата и цивилизацијата на градовите-држави.

1fil1313

Победоносно, наскоро по битката, Филип продолжил да ги обезбедува своите најнови освоени територии со тоа што стратешки поставувал македонски гарнизони во Теба, Калкија, Амбракија, Коринт и Пелопонез /Thebes, Chalcis, Ambracia, Corinth, Peloponnesus/. Потоа, ги свикал претставниците на сите градови-држави на една голема мировна конференција во Коринт, каде склучил мир со секој од нив. Спарта била единствената која се воздржала. Бидејќи не му претставувала закана, Филип решил да ја остави Спарта на мира.

Филип ги организирал градовите-држави во еден сојуз познат како Коринтска лига. Тоа бил сојуз помеѓу градовите-држави и сојуз меѓу градовите-држави и кралот на Македонија. Лигата формирала еден посебен сојуз со Македонија, но самата Македонија не била член на Лигата на градовите-држави. Тоа било сојуз кој сите држави, големи и мали, ги третирал еднакво. Обратно, помалите држави барале од Македонија, како голема сила, да им ги гарантира нивните права и опстојувањето меѓу поголемите држави.

Да живее во мир со своите соседи, било токму она што Филип го имал предвидено десет години пред тоа. Тоа можело да се случи преку дипломатија. Дури и во оваа фаза, ние веруваме дека Филип сакал да го обезбеди своето кралство на мирен начин и дека тој посегнал по војна откако сите други средства биле исцрпени. Ако некому треба да му се припише одговорност, тогаш истата треба да ја сносат Атињаните поради нивните сомнежи и недоверба.

Откако го осигурил мирот со градовите-држави, Филип почнал да гледа кон неутрализирање на следната голема закана, Персија. Идејата да ја потчини Персија привлекувала дел од градовите-држави, но не сите. Оние кои биле наклонети кон идејата, особено оние кои припаѓале на  Коринтската лига, го избрале Филип како главен командант на азиската експедициона сила.

Оние кои се спротивставувале, особено оние градови-држави чии вооружени силе и команданти сега биле невработени, отишле во Персија да добијат повисоки чинови како персиски наемници и да се борат за пари против Македонците. Според римскиот историчар Куртиј /Curtius/, до времето кога македонската војска стапнала во Азија, сила од 50.000 бојници на градовите-држави веќе и се придружиле на армијата на персискиот крал и се скриле чекајќи да се соочат со Македонците.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН