ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН
„Речникот во слики – ајде да учиме англиски и германски“ и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски и француски“,изданија на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатени во 1997 година, на 64 страницим чии рецензенти се: Патрик Пелегрино, Виолета Ајдинска-Папазовска, Жан Пол Батист и Олга Тројачанец, а автор е Славе Катин се подготвени да пополнат една празнина во нашата средина и со својот скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапен за повеќе слоеви на популацијата.
Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогне да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета.
Исто така, меѓу лексикогравското творештво на Славе Катин се изданија за деца „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“,со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир, имаат посебен простор во неговата дејност.
Овие изучување на англискиот, францускиот, германскиот, турскиот, албанскиот, ромскиот и влашкиот јазик, од Славе Катин предизвикаа голем интерес во македонската јавност, бидејќи на најмладата популација во земјата и’ понуди помагало практично за изучувањето на шест јазици, од кои три европски и три на малцинствата во Македонија.
Овој мултилексиколошки проект Славе Катин го реализира во соработка со најдобрите познавачи на споменатите јазици, со што е потврдено професионалното ниво на „Речникот во слики“, за кој се заинтересирани, освен учениците и возрасните кандидати за совладување на некој од овие јазици. Ова издание е своевиден придонес на Славе Катин за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Македонија, а особено за поефикасно зближување и комуникација на нејзините граѓани од различните етнички заедници, но и за нивните врски во светот.
На крајот на на секој речник се поместени и индекси на зборовите како што следи за секој јазик и то на пример: на македонски – англиски – германски, англиски – македонски – германски и германски – македонски – англиски јазик. Сите тие зборови се дадени според азбучен редослед и по бројот на страниците лесно можат да се пронајдат. Затоа, ќе биде задоволство да се работи со речниците, да се откриваат нови видици кои нашиот живот ќе го прават поубав и посреќен.
„Речниците во слики“ на Славе Николовски – Катин имаат функција на почетен курс за овие светски јазици, зашто преку својот фонд од зборови, сите заинтересирани на кои ќе им се најдат во рацете, ќе ги воведат во богатата ризница на англофонската и франкофонската култура. Во исто време, ќе ги мотивираат читателите да ги прошират своите хоризонти, знаења и информации за разни појави, состојби и настани што секојдневно се случуваат во светот. Визуелната компонента на реченицата е најдобриот начин за остварување на оваа цел“
Во воведот на „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и турски“ чиј автори се Славе Катин и со Исние Шабан се вели дека англискиот го зачува своето место меѓу јазиците што обично се нарекуваат „Јазикот на иднината“ и стана најкористениот јазик во науката, техниката, дипломатијата и деловниот свет. Затоа, тој е јазик што се чита не само во регионите каде е доминантен, туку и во секоја цивилизирана земја.
Во воведот на „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и албански“ чиј автори се Славе Катин и Лирија Реџепи се вели дека во ваква популарна визија, Речникот има функција на почетен курс за овие јазици, бидејќи преку овој фонд на зборови, тој ќе ги води сите заинтересирани за богат круг на албански, англиски и македонски јазик. Но, тоа исто така ќе ги мотивира да ги прошират своите знаења и информации за различни феномени, настани и настани што се случуваат секој ден во различни делови на светот.
Исто така и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и влашки“ чиј автори се Славе Катин и Захарица Порчу и „Речникот во слики – ајде да учиме англиски македонски и ромски“ чиј автори се Славе Катин и Љатив Демир се подготвени да пополнат една празнина во средините каде се зборуваат тие јазици и со нивниот скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапни за повеќе слоеви на популацијата.
Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогнат да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на светот
Продолжува
ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН