Тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија

Владата на денешната редовна 120-та седница, што започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства, донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 до 25 ноември (вторник, среда и четврток).

За време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

– Се одложуват сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост, соопштина владината прес-служба.

Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица.

 

One thought on “Тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија

  1. Great job on this article! It was insightful and engaging, making complex topics accessible. I’m curious to know how others feel about it. Feel free to visit my profile for more thought-provoking content.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *