КИРАЏИЕВ ЈА БОЈКОТИРА АФМ

Атакот за смена на првиот човек на Атлетската Федерација на Македонија, Крсте Серафимовски се засилува. Сега почнува да добива облик на бојкот, откако најдобриот македонски маратонец, Александар Кираџиев, одбива да патува на Балканското првенство во Маратон кое се одржува во Лимасол, на Кипар.

Имено, од АФМ за учество на балканското првенство во маратон пријавени се двајца маратонци, Кираџиев во машка и Андријана поп Арсова во женска конкуренција, но Кираџиев преку соопштение изјави дека нема да патува.

Истовремено продолжуваат напорите на клубовите за одржување на вонредно собрание, на кое ќе се разгледува состојбата во македонската атлетика.