ДЕЛ ОД НЕСРЕЌАТА НА ПРОГОНЕТИТЕ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ

Децата оделе во колона по еден, зад маjките-сурогати, држеjќи се еден со друг. Постарите деца ги тешеле помалите додека се движеле осамено. Под превезот на ноќта, тие молкум се движеле преку теренот, заобиколуваjќи ги отворените простори и постоjано биле потсетувани од нивните партизански водачи да бидат тивки.

Преминувале високи планини и стрмни косини, секогаш внимателни и свесни за грчката опасност над нив, додека си го пробивале патот до границите. Оние среќните ги поминувале ноќите во куќи во означените села. Други спиеле под ведро небо, на отворено, во студените планини, испитувајќи јa мудроста на своите постари и прашуваjќи се што е поопасно – бомбите кои паѓаат или смртното студенило.

Во текот на нивното патување, една група наишла на опасно стрмни падини, полни со разлабавени карпи кои воделе право во брзите води на една река. Бидејќи било премногу опасно за децата сами да преминуваат, секоја мајка морала да се враќа неколку пати за да пренесе дете по дете на својот грб. Требало и да се побрза, бидејќи падината била изложена на авионски видик. Едно дете имало среќа тој ден бидеjќи една трагедија за малку била избегната.

Додека брзала да премине на другата страна, една мајка се сопнала на една грмушка, губеjќи јa рамнотежата. Сепак, додека се сопнувала, успеала да го симне детето од своите плеќи и да го фрли на стрмната падина. За среќа, девоjчето не се испаничило и било способно да се задржи со рацете. Потоа, мајката го фатила девоjчето за неjзинитe нозе и успеала да си јa поврати рамнотежата. Било тоа застрашувачко искуство за целата група.

Друга група, исплашена од тешките бомбардирања, го напуштила своето село под превезот нa темнината во еден и триесет наутро. Била oблачна и дождлива ноќ, идеална да со избегнат бомбардерите, но катстрофална за моралот на децата. Врнело целата ноќ и преку целиот нареден ден кога групата се скрила во планините. Не смелле да ризикуваат и да запалат оган, па затоа останале влажни и настинале, трпејќи казна од природата.

Кога се стемнило, полека напредувале во темнината преку паднатиот снег; до наредното село, патот бил пуст и трновит. Децата биле во шок и речиси и да не ги чувствувале посекотините на нивните стапала кои крвавеле. Некои немале чевли, а нивните чорапи потопени во кал, не им обезбедувале никаква заштита од острите камења и трњата кои боцкале.

Додека групата си го пробивала патот кон својата дестинациjа, една од маjките-сурогати не можела да престане да плаче. Одговорното лице на групата и обjаснило дека нема причина да се вознемирува, бидејќи се води сметка за сите деца, дека се нахранети и згрижени. Но, мајката и понатаму останала вознемирена и продолжила да плаче.

1kul12312

Деца бегалци од Егејска Македонија

Кога јa прашале во што е проблемот, таа обjаснила дека не можела соодветно да се грижи за едно шестмесечно бебе-сираче кое било доверено на неjзина грижа. Таа имала само една резервна пелена и откако јa испрала, немала како да ја исуши. Наjдоброто што можела да го стори е да јa стави влажната пелена на бебешките гради. Но, пелената никогаш не се исушила и затоа таа плаче од жал за кутрото бебе кое морало да биде завиткано во влажни пелени на таков неиздржлив студ.

Преку границите можеле да поминат само ноќе, па затоа децата чекале скриени и одвоени додека не се стемнило. За да ги подготват за патувањето, децата морале да заминат од своите села и да се упатат кон планините пред да зазори. Додека заминувале, им било речено личните предмети да ги остават назад, ветуваjќи им дека истите ќe им бидат донесени подоцна, со вагони.

Додека си го пробивале патот преку граничните премини, вагоните никогаш не се поjавиле и тие биле оставени без храна, прибор за јaдење, ќебиња или облека да се преслечат. Дo ден-денес многу веруваат дека грчките партизани им ги украле личните предмети.

Откако јa преминале jугословенската граница, децата биле однесени во селото Долно Дупени, а оттаму во Љубоjно за да чекаат да пристигнат другите. Под грижата на нивните маjки-сурогати, децата биле однесени во одредените куќи каде поминале една недела, спиеjќи на подови покриени со слама, по петнаесет деца во една соба. Немало доволно храна ни за децата од селото, па секое дете добивало само по едно парче пченкарник за вечера, пред да си легнат, се уште гладни. По неколку дена глад, некои од децата прибегнале кон крадење храна од селските куќи.

Откако поминале една недела во Љубоjно, децата биле транспортирани со воени камиони во Битола, од каде со воз заминале во Браилово. Таму, секоја група, со својата маjкасурогат, отседнала и спиеле во определени куќи, во соби оградени со слама. Моралот бил низок, заморот голем па децата постоjано плачеле од непрекинат глад и од носталгиjа за своите домови. Немало доволно храна, па за да ги зачуваат следувањата храна, на децата им било давано по еден оброк секој втор ден.

1kul12313Љубојно

Оние кои ги загубиле своите лични предмети, немале ниту чинии, ниту лажици за да jадат и затоа користеле фрлени конзерви од сардини или било што друго што ќе го нашле. Некои наоѓале фрлени туби од пасти за заби, па од нив правеле лажици. Една маjка-сурогат нашла една ‘рѓосана кофа и, откако јa исчистила, ја користела како сад за супа. Топлата супа cтанувала црвена како што се топела ‘рѓата. Децата биле премногу гладни за да јa фрлат, па затоа од површината јa извадиле зацрвенетата ‘pѓa и таквата супа им била поделена.

Една стара жена го гледала сето тоа и многy се натажила за групата дечиња, па им го дала својот дел од следувањето, повеќе претпочитајќи да остане гладна отколку да гледа како гладуваат децата. Во такви околности, многу од постарите деца размислувале да побегнат, но нивната загриженост за помалите ги спречувало во тоа. Некои биле толку гладни, што пребарувале во околината бараjќи храна, jадеjќи корења од жито и пченка, па дури посегнале и по убивање животни за да јa задоволат гладта.

Откако поминале нешто повеќе од една недела во Браилово, различните групи биле транспортирани до наjблиската железнички станица каде на секое дете му било прикачено ливче со името и дестинациjата, и каде биле подготвувани да патуваат во различни земjи-домаќини. Одвоjувањето на децата не било лесна задача, бидеjќи малите се стискале до поголемите деца и одбивале да бидат раздвоени. Близнаците се држеле еден до друг со сета своја сила, противеjќи се со солзи и лелеци. Требало многу убедувања и разуверувања пред да можат да ги разделат.

Првата група која требала да замине биле помалите деца од пет до десет години. Повеќето од нив биле испратени во Бела Црква, во севернa Jугославиjа. Овие деца биле наjранливи и брзо морале да бидат спасени пред да умрат од глад. Во Бела Црква, откако поминале извесно времо во карантин, децата биле однесени во ученички домови кои биле соодветно опремени и каде имало здрава храна во изобилие.

Останатите, откако поминале приближно една недела на железничката станица, биле испратени во Скопjе. Животот во железничката станица бил суров, бидејќи повеќето деца речиси умирале од глад и немале сили да се движат. Нивниот глад бил толку голем, што децата немале сила ниту да се жалат за вошките кои ги мачеле. Многу од нив го поминувале своето време одморајќи се во шталски коли, сместени во топлината и комфорот на сеното. Колите, оставени од Втората светска војна, биле користени од Германците за транспорт на коњи.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН